Публикацијата „Балканот и Македонија“ од покојниот академик Антоније Шкикљев – Дончо од Белград е објавено за прв пат на српски јазик под наслов „Праисторија Централног Балкана “. Потоа истото дело под наслов „Праисторија на Централниот Балкан“, од Антоније Шкикљев – Дончо и Славе Николовски – Катин е преведено на македонски јазик и е објавено од издавачката куќа „Македонска искра“, Скопје, 2019, 1-320 стр. Овие публикации се дел од вистината за Балканот и Македонија.
Инаку, книгоиздателството “Македонска искра” е формирано благодарение на демократските процеси што настанаа по осамостојувањето на Република Македонија како независна, демократска и самостојна држава. Тогаш се создадоа поволни услови за приватна иницијатива, меѓу другото и во областа на културата, со посебен акцент во развојот на книгоиздателството. Така, денешното Друштвото за издавачка и образовна дејност, производство и промет (Книгоиздателството) „Македонска искра” ДООЕЛ увоз-извоз-Скопје.
„Македонска искра“ е крстена по весникот „Македонска искра“, првиот македонски весник што започна да се печати во Перт, Австралија во 1946 година. Таа за првпат е регистрирано во Окружниот стопански суд во Скопје, на 28.03.1995, за потоа да ги следи сите законски измени. Меѓутоа, својата издавачка дејност “Македонска искра” ја започна во текот на 1997 година и досега има објавено стотици наслови од значајните македонски писатели, научници и публицисти, во тираж од илјадници примероци, пласирани во Македонија и во многу национални библиотеки и специјализирани книжарници во европските и во прекуокеанските земји, особена меѓу македонското иселеништво
На оваа скромна, но со видни резултати издавачка куќа посебна област во издаваштвото се учебниците и дидактичката литература одобрена од Министерството за образование на Република Македонија. Сите учебници и различната дидактичка литература на „Македонска искра“ се користат во основните и средните училишта, и имаат значаен прилог и придонес во образовниот процес во Република Македонија.
Во ова продолжение на „Балканот и Македонија“ е забележано декаФаетон го погребале Хесперидските нимфи. Бидејќи неговите сестри Хелијади деноноќно плачеле, Зевс од сомилост ги преобразил во тополи, а нивните солзи во ќилибар. Така реката Еридан (Сава) станала пат на ќилибарот. Од сомилст за несреќното момче, Зевс го пренел Фаетон во соѕвездието на кочијашите. Откако ги заобиколиле Кауличките стени (Калемегданските), Аргонатутите стигнале до Ада Циганлија (етим. од – див и зборот ’многу’, т.е. гигантска ада). Во народното сеќавање, таа е посветена на титаните, хиперборејко племе родено од Земјата, т.е. автохтоно.
Во митологијата титаните ги родила Геја, оплодена од капките крв од Урановите гениталии. Некои од титаните биле бесмртни, како на пример Алкионеј, но, само додека престојуваат на земајта од која се родени. Тие се замислени како несовладливи џинови, вооружени со долги копја, страшен изглед, долга коса и брада. Во борба со боговите, титаните на небото фрлале огромни карпи и факели, а во тоа особено се истакнувал Алкионеј. На боговите им било претскажано дека нема да ги совладаат титаните сè додека не им помогне некој од смртниците и затоа Зевс во борбата го вовел својот син Херакле кој во текот на гигантомахијата во Флегрејската (пожаревачката) рамнина го прострерал Алкионеј и многу други титани.
Поради непријателското расположение на титаните, Аргонаутите не ја посетила Ада Циганлија и продолжиле со пловидбата спротивно на течението на реката. Попат го виделе и местото на кое многу векови подоцна е подигнат градот Шабац кој што е посветен на Себазиј, оргијастички бог од четвратата генерација, а понасевер го виделе местото на кое ќе биде подигнат градот Загреб, посветен на Дионис-Загреј.
Аргонаутите ја продолжиле пловидбата по Јадран (Сава) до Енет на Јадранот и понатаму кон северозападниот правец до Истра. Тоа, според некои преданија, го сториле преку „јадранското устие“ на Дунав, т.е. „рашкиот канал“, носејќи го бродот „Арго“ на раменици, а други извори тврдат дека тие го туркале бродот во облаците и така впловиле во „Кроновото море“ или „Рејиниот залив“, односно во Јадранско Море. Ја избегнувале Аспиртовата дружина која преку Босфорот и Дарданелите дошла за да им го пресечат патот.
Постоењето на латински географски имиња за Кварнерското острово датираат од римското доба и гласи Absyrtides, а латинското име за реката Речина, која што се наоѓа помеѓу Риека и Сушака, претставува хидронимот Absyrtus fluuius што го потврдува легендата од митот за Аргонаутите. За време на римскиот цар Август (31 година пред Христа – 14 година по Христа), географот Помпониј Мела тврдел дека западниот ракавец на Дунав „… се влева во Јадранот, разбрануван и жесток како и реката По…“
Кога стигнале до Киркинот остров Еј, таа ги очистила Јасон и Медеја од убиството на Асприт, но одбила да им укаже гостопримство. Натамошното патување на Аргонаутите ги довело до земјата Феака, на островот Дрепан (Коркира-Крф). Јасон и Медеја, за да не бидат предадени на Колхиѓаните, се венчале на дворот на кралот Алкиној. Географот Страбон (63 година пред Христа – 19 година по Христа), кој пропатувал многу земји и дал изобилство податоци со митолошки, историски, географски поединости, во врска со пходот на Аргонаутите го изнесува следново:
„Бидејќи останатите Колхиѓани не смееле да се вратат на Колхида кај кралот Ејет без Медеја и Апсирт, некои од нив останале на Коркира, а други отишле на север, во Истра, и го изградиле градот Пула – Пола (голем, силен, моќен)…6 Колхиѓаните полуостровот го нарекле Истриа што претставува персонификација на истоимената река Истрос (Дунав) по која Аргонаутите пловеле.
1 Strabo, Geographia, I, 2, 39, VII, 5, Meineke, Lipsiae, I, II, III, 1913.
Тие на Истра се помешале со една група колонисти кои овде ги доселил Хил, Херакловиот син, епонимен херој на илирските Хилеи, па полустровото имало два хоронима: Histria и Hyllis. Натамошната пловидба на Аргонаутите сè до Јолк носела големи искушенија. Откако Јасон му го предал златното руно на својот чичко Пелиј и го ослободил својот татко Есон од затвор, Медеја со своите маѓепсништва го усмттила Пелиј. Поради тоа Пелеиниот син Акаст, кој исто така бил Аргонаут, ги протерал Јасон и Медеја од Јолк. Тие побегнале на Коринт и таму живееле среќно наредните 10 години. Јасон го излвекол бродот „Арго“ на брегот на Коринт и го посветил на богот Посејдон.
Јасон, сè додека коринтскиот крал Креонт не го верил со својата ќерка Глаукома, со Медеја имал повеќе деца. Напуштената и понижената Медеја после тоа се осветила на својата ривалка, нејзиниот татко и, пред сè, на Јасон. Благодарение на Медеините маѓии, Јасоновиот живот на крај станал несреќен, без радости и никаде не можел да се скраси. Еден ден, уморниот Јасон прилегнал во сенката под крмата на „Арго“ за да се одмори малку и го фатило сон.
Додека мирно спиел, се срушила крмата на веќе трошниот брод и под своите иверки со погребала заспаниот херој. Неговата судбина е опеана во многу антички епови, а митот за Аргонаутите е чесно застапуван и претставуван во античката монументална и занатска уметност. Медеја коринтскиот престол му го предала на Сизиф, а таа самата отишла на Колхида. Според едно помалку познато предание, Медеја отишла во Теба и го излечила Херакле од лудилото. Еврипидовата „Медеја“ од 531 година пред Христа била пример на подоцнежните поети и трагичари.
Продолжува
Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН