Груби-Жбогар: Продолжуваме по патот кон ЕУ

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, денеска во неговиот кабинет се сретна со амбасадорот на ЕУ во нашата земја,  Самуел Жбогар, при што му се заблагодари за неговиот придонес на патот на Република Северна Македонија кон европската интеграција.

Реформите, Охридскиот Рамковен Договор и безкомромисната борба против корупцијата во земјата, биле темите на кои разговарале вицепремиерот Груби и евроамбасадорот Жбогар, соопштија од Секторот за односи со јавноста во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

Груби истакнал дека Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците ќе биде модерно, функционално и одговорно министерство кое ќе создаде општествена кохезија и граѓанска рамноправност.

Амбасадорот Жбогар му честитал на Груби за новата функција и му посакал успешна реализација на владината агенда.

Првиот вицепремиер Груби на амбасадорот Жбогар му посакал понатамошен успех и повторил дека вратата во нашата земја му е отворена.