Османи: Поддршката од ОН создава видливи резултати во напредокот на општеството

 Министерот за надворешни работи на Република С. Македонија, Бујар Османи денеска имаше работна средба со Резидентниот координатор на ОН во Република С. Македонија, Росана Дуџиак, соопшти Министерството за надворешни работи.

Имавме одлична соработка со агенциите на Обединетите нации за време на мојот мандат во Секретаријатот за европски прашања и како Национален координатор на странската помош, особено изразена за време на првиот бран од кризата предизвикана од КОВИД19. Дозволете да ја пренесам благодарноста на целата Влада за севкупната поддршка, секако и мојата лична благодарност за посветеноста на вас и вашата администрација во асистирањето на земјата при справувањето со пандемијата, истакна Османи, посочувајќи дека очекува задржување на соработката и во претстојниот мандат како Министер за надворешни работи.

Османи, како што информира Министерството за надворешни работи, ја реафирмираше посветеноста на Република С. Македонија за имплементација на целите на одржливиот развој на ОН, преку развојот на демократијата, човековите права, доброто владеење и одржливиот развој во земјата, како целосно компатибилни и со целите на европската интеграција што е важен стратешки приоритет на Република С. Македонија.

Република С. Македонија активно се менува, и видливо, се менува кон подобро. ООН и нејзините агенции, како и досега, така и во иднина можат многу да придонесат за поддршка и успешно водење на овие процеси, истакна Османи.

Османи се заблагодари и за досегашната поддршка во имплементацијата на Рамката за развојна соработка на ОН, и изрази очекување дека новата рамка за развојна соработка за периодот 2021-2025, чија подготовка е во завршна фаза, дополнително ќе придонесе кон остварувањето на стратешките приоритети на Република С. Македонија.

Резидентниот координатор Дуџиак, заблагодарувајќи се за целокупната соработка на Република С. Македонија со Организацијата на Обединетите нации и за нејзиниот придонес во промоција на глобалниот мир и просперитет, ја изрази подготвеноста на Организацијата и нејзините агенции да придонесат во постигнувањето на целите на одржливиот развој, со посебен акцент на принципот „никој да не заостане“ како водечко начело при имплементацијата на програмите за поддршка на Република С. Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *