Меркел му го честиташе новиот мандат на Заев

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска на Зоран Заев му го честиташе реизборот за премиер на Република С. Македонија.

– Ви честитам за реизборот за премиер на Република С. Македонија. С. Македонија и Германија се поврзани со тесно партнерство, билатерални врски, и како сојузници во НАТО, нагласи таа во честитката.

Меркел посочи дека германската Влада целосно ја поддржува целта за поголемо доближување на земјата до Европската унија.

– Од клучно значење на тој пат е посветено продолжување на реформите, вели германската канцеларка во честитката.

Таа на крајот на Заев му посакува среќа и успех во неговата одговорна задача и изразува задоволство од соработката меѓу двете земји.