Во Прилеп почнува 9. Џез-викенд фестивал со богата содржина

Од вечер па до сабота (29 август) во Прилеп ќе се одржува деветтиот по ред фестивал „Прилеп Џез-викенд“ (Prilep Jazz Weekend). Фестивалот е во организација на здружението за субкултура  „Џез фестивал“ и ќе се одржува  на летната сцена од Центарот за култура Марко Цепенков“.

Поаѓајќи од мисијата на фестивалот: поддршка на домашната џез продукција  и создавањето нова џез публикакомбинирана со актуелните протоколи за „Ковид 19 кои треба да се почитуваат, програмата на фестивалот е креирана со ангажирање на врвни музички бендови и артисти од Македонија.

Фестивалот  нуди богата содржина сите три вечери. Ќе започне со премиерата на филмот  “JAZZMAN – The form as a verb”  од Велибор Педевски, снимен на локации во Њујорк, Скопје, Белград и во офија.

JAZZMAN е документарна сторија за живот посветен на уметноста на џезот, која ја раскажува Велибор Педевски, човекот кој е своевиден фокус на збиднувањата на овој творечки феномен. Во филмот учествуваат:  Wadada Leo Smith, Reggie Nicholson, Reggie Workman, Anthony Braxton, Cecil Taylor, Brandon Ross, Graham Haynes, Doug Wieselman, Milcho Leviev, Dushan Koja Kojich, Влатко Стефановски, Љупчо Поповски, Тимчо Апостолов, Марко Коловски, Оливер Белопета.

По проекцијата на филмот, на сцена ќе ги видиме дечките кои ѝ се веќе добро познати на прилепската публика и во Прилеп настапиле преку повеќе проекти и џезсостави: Трајче Велков (труба), Зоран Костадиновски (гитара), Горан Гешовски (бас гитара), Виктор Филиповски (тапани) овојпат со авторски материјал обединети во бендот SkopjeJazzInc.

Во втората вечер ќе настапи квартетот на Оливер Јосифовски. Премиерно ќе биде прикажан проектот FUSSION DEFFUSION CONFFUSION“, проект кој содржи оригинални композиции и музички стандарди од егзотичен карактер, измешани со тврд hard rock звук. Покрај Оливер Јосифовски (контрабас), на сцената ќе ги видиме Гордан Спасовски (клавишни инструменти), Стефан Миладинов (гитари) и Александар Ванчовски (тапани и удиралки).

 Светлост е моментално  најактуелниот македонски џезсостав на домашната и на меѓународната сцена. Минатата година бендот го издаде албумот „Odron Ritual Orchestra“ кој на светските листи е сместен меѓу петнаесетте најдобри албуми, а  годинава ги реализираше албумите: „Jazz (to the working class)“ и „Six Years“. Карактеристика за музиката  на овај состав  е дека таа се менува во зависност од луѓето вклучени во конкретниот проект, а стилските правци се движат од слободен џез, електро-акустична музика и пост-рок, до минимализам и амбиентална музика.  Во составот се: Нинослав Спировски (кларинет / сопран саксофон / тенор саксофон), Кристијан Новковски (тапани / удиралки) и Дени Омерагиќ (бас гитара / синтесајзер / електроника).  

Третата вечер, на 29 август ќе почне со новината на овогодишниот фестивал, а тоа е промоцијата на книгата Press&Play од Ненад Георгиевски. Книгата „ Прес енд плеј (Press & Play) е составена од рецензии на албуми, концерти и на фестивалски настапи на изведувачи меѓу кои: Влатко Стефановски од „Леб и сол“, Кирил Џајковски, од„Фолтин“, од Џијан Емин, Ади Имери, Гоце Стефковски, Џон Аплелгрeн, Зоран Маџиров, „Анастасија“, „Чалгија Саунд Систем“, „Проект Жлуст“, „Скопскиот џез фестивал“,  од „Офф-фест“и од други.

Ќе настапи и „Next to Silence, музички состав кој во својот репертоар вклучува исклучиво композиции од реномираната европска издавачка куќа ECM. Во своите настапи тие изведуваат неколку реаранжирани дела од богатиот опус на Enrico Rava, Carla Bley, John Abercrombie, Dave Holland, Terje Rypdal, Shankar, Jan Garbarek, Jim Pepper, Gary Burton, Art Ensemble of Chicago, Bill Frisell, Jon Balke, Tomasz Stanko, Nils Petter Molvaer и други. На фестивалот ќе изведат и дел од композициите на новиот албум кој е во фаза на студиско снимање.  Инаку, членови на Next to Silence се: Александар Николовски (труба)Филип Димишковски (клавијатури)Драган Стојковски (бас-гитара) и Гоце Наумов (барабани).

Фестивалот ќе го затворат диско пост- панк активистите  Бернајс Пропаганда“ кои имаат пет објавени албуми и се едни од најуспешните и меѓународно признати андерграунд музичари.  Во Прилеп ќе настапатКристина Горовска – вокалВаско Атанасоски – музика, стихови, бас, гитари, перкусии, аранжмани, продукција, вокал и менаџментДени Крстев – синтисајзер, ритам програмирање, снимање, едитирање и мастерингРаде Јордановски – бас и продукциски менаџер и Кристијан Лафазановски на тапани и перкусии.

Во оф програмата ќе настапат: на 28 август  на локалитетот Врбјанска чука (кај село Славеј) свој перформанс ќе има Antonie AVP Project, а на 29 август на летната сцена од ЦК Марко Цепенков“ публиката ќе може да го проследи  перформансот на Leonard.