Заев-Чаба: Поддршка од Канада за интеграцијата на Македонија во НАТО

НАТО интеграциите на Македонија ќе бидат значаен придонес кон стабилноста и безбедноста во државата, но и на целиот регион, истакнале на денешната средба премиерот Зоран Заев и канадската амбасадорка за Македонија Кетлин Чаба.

– Канадската амбасадорка Чаба ги поздрави чекорите на стабилност што ги направија премиерот Заев и новата Влада по политичката криза во земјата, низ ефективниот реформски процес и добрососедските односи. Амбасадорката Чаба пренесе поддршка од Канада за интеграциите на Република Македонија во НАТО, соопшти по средбата владината прес-служба.

Заев и Чаба се заложиле за унапредување на соработката помеѓу двете држави, посебно во делот на економијата и можностите за инвестирање.

Канадската амбасадорката соопштила дека има заинтересирани бизнисмени од Канада за инвестирање во Македонија и договорено е, соработката, поактивно да продолжи низ дефинирање на областите од заеднички интерес.

Заев од своја страна рекол дека се прави се што е потребно за реализација на стратешките цели на Република Македонија, интеграциите во НАТО и ЕУ, на кој план очекува значителни поместувања.