Продолжи протестот на транспортери на „Фени“

Транспортери со побараувања од Комбинатот „Фени“ втор ден протестираат на патот од Кавадарци кон мотел Дреново. Преку протестот бараат исплата на долговите што ги има „Фени“ кон нив за пренос на руда.

Претседателот на Здружението на транспортерите „Кипер”, организатор на протестите,  Трајче пејовски, најави дека протестот ќе трае до 15 часот попладне, по што, во 17 часот, како што тврди, ќе имаат средба со вицепремиерот за економси прашања Кочо Анѓушев од кого очекуваат предлог за состојбата.

– Наша цел е исплата на договите, протестот ќе трае до 15 часот,  а вечер на состанок ќе одлучиме дали ќе протестираме и понатаму. Сме имале две три средби, мое мислење е дека сме далеку од некое решение. Денес во 17 часот имаме средба со вицепремиерот, што предлог има за нас ќе видиме. Ние не отстапуваме од нашето барање, си го бараме во целост стариот долг и понатаму да се преговара за работа, за цена и авансно плаќање за секое возење, изјави Пејовски.

Според него, комбинатот им должи околу четири милиони евра за пренос на руда.