Пендаровски утре ќе му врачи мандат за состав на нова Влада на Заев

 Претседателот Стево Пендаровски утре напладне мандатот за состав на новата Влада ќе му го довери на лидерот на СДСМ и пратеник во Собранието, Зоран Заев, соопшти Кабинет на шефот на државата.
– Зоран Заев, во име на коалицијата ,,Можеме”, којашто има освоено најголем број пратенички мандати во Собранието, го информираше претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на владата, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот.