ДОЛГОТ КОН РАКОМЕТАРИТЕ СЕ ЗГОЛЕМУВА

Откако на женскиот тим на Вардар му беше соопштено дека газдата Сергеј Самсоненко нема повеќе да вложува во скапи ракометарки, а оние што се веќе дојдени можат да си бараат нови клубови, на ред дојде и машката аекипа. Освен тоа што дел од актуелните ракометари си најдоа клубови, дел се во потрага, кај сите нив има една заедничка мака- долгот кој газдата го има кон нив на име на неисплатени финансискис средства.

Како што истакна за шпанска “Марка”, Жоан Кањелјас, веќе извесно време Самсоненко им должи на ракометарите.

-Веќе некое време ни велат дека ќе биде исплатено тоа што ни се должи но тој ден никако да дојде. Сеуште веруваме дека претседателот ќе ни исплати се, или барем најголемиот дел. Не знам од која природа се овие долгови – изјави Каџелјас.