Поскапувањето на струјата во време на пандемија е сериозен удар врз стандадрот на државата и џебот на граѓаните. Ваквиот чекор бил планиран пред изборите и претставува класична измама од страна на власта, обвини денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Мицкоски ја квалификува како политичко калкулантство одлуката на РКЕ за поскапување на струјата зашто беше донесена по завршувањето на изборите, а не на почетокот на јули до кога трае регулаторниот период. Причините, пак, за зголемената цена на електричната енергија, тој ги гледа во високата маржа на универзалниот снабдувач, во масовните партиски вработувања пред изборите, како и во вештачките исплати во АД ЕСМ по најразлични основи како К-15, 13-та плата, регреси за годишни одмори за поткуп на гласови.
Како што рече, нема друга држава во Европа која сега, во услови на КОВИД, ја зголемува цената на електричната енергија. Напротив, сите ги намалуваат сметките или наоѓаат начин да ги субвенционираат. Само кај нас се покачуваат, а со тоа се овозможува екстра профит на приватна компанија за сметка на тонење на државна фирма.
Мицскоски на прес-конференцијата објасни како се формира цената на електричната енергија за домаќинствата и за стопанството на регулираниот пазар. Притоа нагласи дека е многу важно да се даде одговор на прашањето зошто АД ЕСМ снабдува 100 проценти, а не 75 и останите 25 отсто да ги предаде на слободен пазар, по пазарна цена многу повисока од оваа што му ја дефинира Владата со што би остварила дополнителен приход од 1,644 милијарди денари и ќе побара намалување на цената на електричната енергијата. Битно е, оцени Мицксоки, и прашањето зошто се толерира толку висока маржа за универзалниот снабдувач.
-Владата предводена од Спасовски и Заев да не ја префрлаат вината на Регулаторната комисија, да не создаваат димни зависи и да измислува изговори со напади кон опозицијата. Ова не е политика, туку директен удар врз џебот и стандардот на граѓаните. Власта е виновна за ваквото покачување. Не може до вчера да се фалат со воведување евтина тарифа кое сега со новото покачување се анулира и да се прават дека ништо не знаат за покачувањето. Постојат три одговори на клучните прашања зошто електричната енергија е поскапена за 7,4 проценти. Првиот е високата маржа за универзалниот снабдувач на сметка на ниската цена на компанијата во државна сопственост, вториот се масовните партиски вработувања пред изборите, а третиот е исплата на 26.000 денари за секој вработен во ЕСМ под превезот на К-15, 13-та плата и регрес за годишен дмор во насока на поткуп на гласови, напомена Мицкоски.
Неиздржани се, дополни лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, споредбите за цената на електричната енергија со другите држави зашто тоа се прави во однос на просечната месчена плата, а според тоа, рече, ние плаќаме најскапа струја во Европа.
-Ако се ревидира договорот потпишан во минатото под многу сомнежи и ако се ревидира маржата од 11,5 отсто на универзалниот снабдувач, ќе дојдете до одговорот зашто плаќаме највисока струја во Европа. Доволно е да биде намалена само маржата која беше не повеќе од пет проценти пред поптишувањето на договорот. Тогаш сите ние ќе плаќаме електрина енергија во границите на она што го плаќавме лани, рече Мицкоски и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори институционално, но и вонинституционално против овие, според него, погрешни политики.