МО изрази сочувство за жртвите во Бејрут, нашите војници во УНИФИЛ безбедни

Министерството за одбрана изрази блабоко сочувство за жртвите во разорната експлозија во Бејрут и потенцира дека нашите војници во УНИФИЛ во Либан се безбедни.

-Министерството за одбрана изразува длабоко сочувство за жртвите во разорната експлозија во Бејрут, Либан. Ве информираме дека припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата на Обединетите нации во Либан, УНИФИЛ, се безбедни и сигурни, се наведува во соопштението на МО.

На мисија во Либан во моментов се ангажирани тројца припадници на Армијата, кои се распоредени и ги извршуваат своите задачи на безбедни локации надвор од Бејрут.

-По веста за повредени морнарички мировници во мисијата на Обединетите Нации во Либан, УНИФИЛ, чиј брод бил погоден во експлозијата на пристаништето во Бејрут, изразуваме надеж за побрзо закрепнување на мировниците и поддршка до земјите од каде тие потекнуваат, се додава во соопштението на Министерството за одбрана.