Села – Јазбец: Што поскоро формирање на новата Влада

Денес во канцелариите на АА во Скопје претседателот на АА Зиадин Села, заедно со генералниот секретар Арбен Таравари, го примија на средба амбасадорот на Република Словенија, неговата екселенција г. Милан Јазбец.

На средбата беше разговарано за актуелни политички теми, како што се изборите, каде претседателот Зиадин Села го извести амбасадорот Јазбец за позитивниот резултат на коалицијата АА-ААА, исто така, изразувајќи загриженост дека овие избори не биле на вистинско ниво. Поради оваа причина, испративме поплаки до надлежните институции, во кои за жал има политички влијанија, па затоа денес ќе ја изразиме оваа загриженост во форма на протест пред канцеларијата на ЕУ во Скопје, барајќи крај на купувањето на гласови.

На оваа средба се разговараше и за формирањето на Владата што е можно поскоро, така што граѓаните имаат што поскоро политичка и кредибилна Влада.

Претседателот на АА, Зиадин Села, му се заблагодари на словенечкиот амбасадор Милан Јазбец, кој сега го заврши мандатот како амбасадор, за неговиот и придонесотна Словенија во евроинтегративниот пат на С. Македонија кон НАТО и ЕУ. Во оваа прилика, тој побара поддршка, како пријателска земја на С. Македонија и нејзините граѓани, и понатаму да помогне во започнувањето на преговорите со ЕУ, што се очекува да биде приоритет на новата Влада на Република Македонија.