Во Владата на Република Македонија попладне ќе биде потпишан договорот за државна помош со компанијата „ВИК“ која ќе инвестира во Технолошко-индустриската развојна зона Алинци во Прилеп.
Договорот ќе го потпишат министерката за привлекување странски инвестиции Зорица Апостолска и сопственикот и управител на групацијата ВИК, Христоф Дерн и директорот на ВИК Македонија, Хелмут Румлер.
Најавено е и обраќање на вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев.
Во вторникот на седница, Владата даде согласност за договорот за државна помош за оваа компанија.