СДСМ ја загрози безбедноста на граѓаните со амнестијата на над 2.000 затвореници меѓу кои има и осуденици за тешки кривични дела. Дел од нив за неполни 24 часа повторно се вратија на криминалот, а жртви беа невини граѓани. Нападнати се и жени и мажи. Разбојништва и кражби се вршени и врз млади и врз стари. Жртвите се множат, а МВР не успева да ги заштити граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека СДСМ прави предизборна коалиција со криминалните структури во државата. ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека СДСМ ќе мора на еден или друг начин да им се оддолжи на овие луѓе кои ја дадоа поддршката за СДСМ за локалните и предвремените парламентарни избори, бидејќи им помогнаа за рекет, купување гласови и притисоци врз гласачите. Како и секогаш цената за штетните политики на СДСМ ја плаќаат граѓаните.
СДСМ е одговорен за штетата која ја предизвикуваат амнестираните затвореници?
Додека криминалците се на слобода, партиотите поради своето противење на погубните политики на Зоран Заев и СДСМ се најдоа за решетки. Интелектуалци, уметници, архитекти, доктори, глумци и пратеници станаа политички затвореници само поради фактот дека се политички неистомисленици со Заев.
Судот мора да се ослободи од стегите на власта, а Македонија од заробена држава повторно да се врати на демократските принципи кон кои се стремат сите граѓани на државата. Мора веднаш да бидат отфрлени неоснованите обвиненија и да бидат ослободени од притвор овие невини луѓе.
Богдан, Чавков, Мукоски, Жаклина , Дурловски, Дамовски и сите други кои се наоѓаат во притвор само бидејќи ја сакаат својата држава мораат да бидат ослободени. Обвинителството мора да престане да извршува партиски директиви на Зоран Заев и СДСМ и да започне да работи во интерест на граѓаните.
Правната држава мора да се врати за доброто на граѓаните, а Македонија мора да се врати на патот кон Европската Унија и НАТО.