Села дојде во Судот да сведочи за 27 април

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжи судењето за обидот за убиство на пратеникот и лидер на Алјансата за Албанците Зијадин Села за време на насилствата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година.

Села пристигна во судот каде треба да сведочи и да се соочи со десеттемина обвинети за обид за негово убиство.

Поради промена на судечкиот совет, јавната расправа почнува одново.

На претходното рочиште адвокатот на Села побара отштета за својот клиент во висина од 30 милиони денари. Средствата што се бараат како отштета се за материјалните трошоци за лекувањето на Села, како и за претрпената физичка болка, повреда на личниот интегритет и за претрпен страв.

Во овој случај обвинети се Кире и Цејо Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра.