Работна средба на Ахмети со Сузан Фалатко

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска оствари работна средба со в.д. директорката на канцеларијата за Југоцентрална Европа при Стејт Департментот на САД Сузан Фалатко, информираа од партијата.

Ахмети и Фалатко се согласиле дека стратешки интерес на Македонија е интеграцијата во Европската Унија и членството во НАТО, а претседателот на ДУИ ја уверил гостинката дека партијата и понатаму ќе биде главен промотор на западните, евроатлантските вредности како и фактор на стабилност и напредокот во земјата.