СДСМ: Планот за економски раст на Владата предводена од СДСМ дава резултати

Планот за економски раст на Владата предводена од СДСМ дава резултати.

Уште една добра вест за граѓаните. Осум нови странски компании започнуваат реализација на своите проекти за инвестирање во Република Македонија. Станува збор за инвестиции во вкупна вредност од 73,5 милиони евра во коишто ќе бидат отворени над 1500 нови работни места.

За разлика од времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога за седум години од Буџетот на Република Македонија беа одлеани 225 милиони евра за скапи промоциии, роуд-шоуа и промотори од кои ефектот беше или премногу мал или никаков, за новите осум инвестиции не е потрошен ниту еден денар од Буџетот.

Со тоа се потврдува исправноста на Планот за економскиот раст и бројните поволности што ги добиваат инвеститорите, без притоа кој било да биде оштетен.

Заврши времето на скапи и бесцелни роуд-шоуа, на лажни инвесититори од типот на контроверзниот Субрата Рој, на сомнителни и тајни договарања во четири очи. Сегашната влада работи отворено и отчетно со јасни аргументи, финансиски проекции и одржливи планови.

Владата предводена од СДСМ преку Планот за економски раст продолжува со спроведување на политиките што овозможуваат вистински нови инвестиции, подобро платени работни места, поддршка на малите и средни претпријатија, зголемување на конкурентноста и извозот и севкупен економски раст.