Столтенберг повикува на флексибилност во преговорите за името

 Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска повика на флексибилност во преговорите за името на Македонија.

-Во 2008 година во Букурешт одлучивме да ја поканиме Македонија во НАТО, веднаш штом Скопје го реши прашањето за името на заеднички прифатлив начин. Досега не беше можно постигнување на решение. Се надевам дека актуелните иницијативи ќе доведат до такво решение. Новата влада во Скопје покажува подготвеност за флексибилност. Сакам да бидам многу внимателен во следниот период за тоа дали ќе се постигне согласност, бидејќи тоа веќе долги години е отворено прашање. Повикувам на флексибилност, додаде Столтенберг.