Ди Маио: Од историско значење одлуката на ЕУ за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија

Од историско значење е одлуката на ЕУ за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија, рече министерот за надворешни работи на Италија Луиџи ди Маио по денешната средба со неговиот грчки колега Никос Дендиас, јави дописничата на МИА од Атина.

Европската перспектива на Западен Балкан беше меѓу темите за кои разговараа шефовите на двете дипломатии.

-Го поддржуваме процесот на проширување и главно одлуката на Европската унија да започне преговори со Северна Македонија и Албанија. Ова е од историско значење за кое верувам дека придоенсоа и континуираните и заедничи активности и напори на Грција и Италија, рече министерот за надворешни работи на Италија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *