Спасовски на самит во Шведска за искоренување на насилството врз децата

Искоренување на насислството врз децата, а под работен наслов „Агенда 2030 за децата: самит за изнаоѓање на решенија за искоренување на насилството“, е тема на глобалниот самит во Шведска, на кој на покана на Кралството, ќе учествува и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Како што соопшти МВР, денес и утре високи претставници од речиси сите земји членки на Обединетите нации, како и претставници на УНИЦЕФ,  Светската здравствена организација и повеќе реномирани меѓународни невладини и други организации, ќе дебатираат за изработка на концизна стратегија за конечно искоренување на насилството врз децата.

Македонија како потписник на Конвенцијата за правата на детето и повеќедецениски партнер на УНИЦЕФ, во рамки на правниот систем имплементираше низа законски и подзаконски акти во насока на заштита на децата и унапредување на нивните права, вклучително и преку Законот за правда на децата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *