Потврдени 120 нови случаи со Ковид 19, оздравени 16, починати двајца пациенти

Во последните 24 часа се направени 953 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи со Ковид-19 и тоа во: Скопје-67, Куманово-19, Штип-16, Прилеп-4, Тетово-9, Велес-2, Гостивар-1, Неготино -1, Струмица-1. Институтот за јавно здравје денеска регистрира 16 оздравени пациенти, во Скопје-8, Штип-3, Прилеп-2, Тетово-1, Велес-1, Битола-1. Починати се две лица од Тетово, соопшти Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 65 – годишна пациентка, примена на 28 мај, во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 69 години, хоспитализиран на 1 јуни.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.611, бројката на оздравени пациенти е 1.621, на починати е 147, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 843. Вчера по завршување на епидемиолошките анкети утврдено е дека еден од позитивните тестови од Скопје е контролен, две лица регистрирани во Скопје се од Велес, едно од Берово. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:
•       Скопје 1050, активни 451
•       Куманово 500, активни 85
•       Дебар 51,
•       Штип 127, активни 89
•       Прилеп 217, активни 32
•       Тетово 245, активни 88
•       Струга 90, активни 18
•       Велес 137, активни 31
•       Битола 28, активни 2
•       Охрид 24, активни 7
•       Кавадарци 6, активни 1
•       Гостивар 33, активни 12
•       Гевгелија 4,
•       Струмица 5, активни 3
•       Крива Паланка 6,
•       Радовиш 4,
•       Крушево 3,
•       Кочани 41, активни 10
•       Пробиштип 5, активни 3
•       Демир Хисар 1,
•       Македонски Брод 2,
•       Пехчево 3,
•       Берово 2, активни 1
•       Валандово 2, активни 1
•       Виница 3, активни 1
•       Делчево 1,
•       Кратово 3, активни 1
•       Свети Николе 2, активни 2
•       Кичево 3, активни 1
•       Неготино 13, активни 4 (*7 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 953 теста се преку: ИЈЗ –415, ЦЈЗ Скопје-36, Авицена –71, Биотек -95, Клиника „Жан Митрев“ –128, Систина со PCR метода – 95 и МАНУ -113.  Досега во земјата се направени вкупно 33114 тестирања на Ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие два теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, нема позитивен резултат на ковид.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се тројца нови пациенти, а хоспитализирани се вкупно 47 пациенти. Од нив 19 се потешко болни и на кислородна поддршка. До изутрината во ГОБ „8 Септември“ примени се двајца нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 27 пациенти. На респираторна машина се осум, a со потешка клиничка слика се уште пет пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 10 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следи еден пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани 16, а на домашно лекување преку болницата се следат девет пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 27 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19, стои во соопштението од Министерството за здравство.