Скрининг на 60 полицајци од меѓународниот контингент во Гевгелија

Откако еден полицаец од унгарскиот контингент, кој беше дел од граничната полиција на нашата јужна граница, добил позитивен резултат на Ковид-19 кога се вратил дома, на 26 мај ,во договор со државната комисија за заразни болести одлучивме да спроведеме скрининг на сите 60 полицајци од меѓународниот контингент, потврди денеска на прес-конференција епидемиологот Сашко Олумчев, раководител на ПЕ на Центарот за јавно здравје во Гевгелија.

Со оглед на тоа дека од унгарската полиција не бил доставен имунитетот на позитивниот полицаец кој престојувал на нашата граница, било одлучено сите 60 полицајци од меѓународниот контингент да бидат ставени во изолација се добивањето на резултатите од скринингот кој треба да се спроведе до крајот на оваа недела, појасни Олумчев.

Иако сите гранични полицајци ги применувале мерките за лична и колективна заштита од ширење на корона вирусот,епидемиологот Олумчев упати апел до сите нив и до граѓаните доследно да се придржуваат на мерките за носење заштитни маски и ракавици доколку престојуваат во затворени простории и да ја одржуваат пропишаната социјална дистанца.