Добротворен дипломатски концерт по повод Меѓународниот ден на детето

 По повод 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето и оваа година „Добредојде“ Македонија Welcome Центар (ДМВЦ), во соработка со амбасади во Република С. Македонија, организираше Добротворен дипломатски концерт.

– Петнаесет амбасади во државата се претставија на македонската публика со кратка најава за својата земја и парче класична музика, која потекнува од земјата која се претставува на концертот, информираат од „Добредојде“ Македонија Welcome Центар.

Добротворниот дипломатски концерт се одржа премиерно на националниот телевизиски сервис, МРТ 1, вчера во 17:45 часот и репризно ќе биде прикажам денеска од 20:45 часот.

Оваа година, посочуваат организаторите, почесен претседател на „Добредојде“ Македонија Welcome Центар е амбасадорот на Бугарија во земјава Ангел Ангелов,

Сите заинтересирани граѓани и компании кои сакаат да бидат хумани и да помогнат на децата кои се сместени во Клиниката за детска онкологија, можат да донираат на телефонските броеви А1 – 143-133 и на Т-Мобиле 143-999.

– Дa им помогнеме на децата заболени од канцер и опремување на Родителската куќa, каде се сместени родителите на децата пациенти кои доаѓаат од внатрешноста на земјата!, апелираат од „Добредојде“ Македонија Welcome Центар.