Во кругот на Градската општа болница „8 Септември” денеска ќе бидат предадени во употреба респираторите кои како донација ги обезбеди Кралството Норвешка.
Респираторите, како што соопшти владината прес-служба, ќе ги предаде заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, во улога на Национален координатор на странска помош во земјава.