Разрешен претседателот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

Со двотретинско мнозинството на Ријасетот на Исламската Верска Заедница (ИВЗ)  во Република Северна Македонија, денеска е разрешен од позицијата прв човек на ИВЗ, досегашниот реисул улема Сулејман Реџепи, изјави муфтијата на Гостивар, Шаќир Фетаи, кој истовремено е поставен како вршител на должноста претседател на ИВЗ, до подготвување на новите избори за избор на претседател на ИВЗ.

Оваа одлука стапува во сила од денеска, односно на неа се потпишани самиот Фетаи, скопскиот муфтија Ќенан Исмаили, тетовскиот муфтиа Ќани Несими, исто така и муфтијата на Куманово, Абедин Имери, тој на Струга, Салим Сулејмани, од скоро сите други муфтии. Истовремено, на оваа одлука се потпишани и Мустафа Даути, претседател на хуманитарната организација кој функционира во склоп на ИВЗ, „Хилал”, професор Шабан Сулејмани, декан на Факултетот за Исламски Науки, директорот за дијаспората Селвер Џемаили, членот на ријасетот  Фадил Рамадани и други.