Костадинов: Очекуваме на средбата кај претседателот на прво место да биде ставен интересот на граѓаните и да се одреди конкретен датум за избори

Од здравствен, од економски и демократски апсект одговорно е парламентарните избори да се одржат во првиот можен рок. Веднаш штом условите го дозволуваат тоа, согласно препораките на здравствените институции.

Очекуваме дека денеска, на средбата кај претседателот Стево Пендаровски, претседателите на партиите на прво место ќе го стават интересот на граѓаните и државата.

Да нема неодговорност, да нема бегање, граѓаните да се стават на прво место. Само на тој начин може да се постигне договор за конкретен датум за одржување на изборите кои беа одложени заради здравствената криза.

СДСМ има три приоритети тоа се: заштита на здравјето на граѓаните, брза трансформација на економијата и целосно функционални институции, како гарант на демократијата.

Важно е избори да се одржат во првиот можен рок. За да го зачуваме здравјето на граѓаните, и да не ги изложиме граѓаните од нов здравсвтен ризик наесен, кога се очекува нов бран од вирусот.

Светската здравстена организација денеска предупредува токму на тоа. Затоа треба да се оди на избори кога условите најмногу ги дозволуваат, секако со целосен протокол за заштита на граѓаните.

Дополнително, економијата која е во фаза на трансформација и рестартирање да не ја запреме со изборен процес наесен.

Да обезбедиме институции со полн легитимитет кои ќе придонесат за брза трансформација на македонската економија.

Создадени се услови за одржување на избори во втората половина на јуни, што е потврдено и од здравствените власти, но и од позитивниот одговор на ОБСЕ/ОДИХР дека се подготвени да продолжат со набљудувачката мисија.

СДСМ нема да дозволи никој, ниту пак еден неодговорен политичар како Мицкоски, да ги попречи демократските процеси и вештачки да создаде криза.

Избори треба да има поради здравјето на граѓаните, поради трансформација на нова економија, поради институции со полн легитимитет кои треба да им служат на граѓаните во оваа држава.