Владата го објави третиот сет економски мерки во вредност од 355 милиони евра

Владата денеска го усвои третиот сет економски мерки во насока на опоравување на домашната економија во периодот на враѓање во нормала по кризата со коронавирусот. Како што објави денеска на прес-конференција во Владата премиерот Оливер Спасовски, третиот пакет мерки ќе изнесува 355 милиони евра, или 5,5 отсто од бруто домашниот производ, а со него ќе бидат опфатени 730.000 корисници.

Спасовски рече дека со овој сет мерки се оди еден чекор понатаму, а тоа е ревитализација, опоравување на економијата, стимулирање на потрошувачката и на индустријата и е диреткна помош од државата и на граѓаните и на стопанството.

Тој посочи дека третиот сет економски мерки е широко усогласен со експерти, стопанските комори, синдикатите и оти креирањето на мерките е направено максимално транспрентно и во целосно инклузивен процес.

Спасовски истакна дека додека првиот и вториот сет беа навремени и сериозни за спас на работните места, овие мерки ќе бидат директна финансиска поддршка за стимулирање на потрошувачката, награда за лекарите и медицинскиот персонал на лекарите и инфективните одделенија, по принципот никој да не биде изоставен.

– Третиот сет мерки се краткорочни и среднорочни мерки за македонската економија, заштитата, промоцијата и растот на домашната економска понуда. Сите три пакети во својот фокус ги имаа граѓаните на нашата земја, нивните работни места, социјална сигурност за полесно надминување на економските последици од коронавирусот, рече Спасовски, истакнувајќи оти тој ќе се однесува на сите социјално ранливи категории, невработени, здравствен сектор, како и граѓани од други категории.

Премиерот посочи дека буџетот за 2020 година бил креиран за разбој на човечките ресурси, но за жал, како што рече, Ковид-19 удри токму по здравјето и живото на наши граѓани, оттаму нашиот одговор на заканата го поттикна креирањето на третиот пакет мерки во насока на економска и социјална сигурност и поттик на јавната потрошувачка.

– Во првиот столб од третиот пакет воведуваме платежни картички за граѓаните за поголема потрошувачка за развој на домашните економски дејности. Околу 100.000 граѓани ќе добијат платежни картички од 9.000 денари и тие ќе бидат достапни за сите невработеми, приматели на гарантирана минимална помош. Со тоа се зајакнува домашната потрошувачка се зголемува и куповната моќ и безготовинските плаќања, рече Спасовски.

Премиерот додаде дека оваа платежна картичка ќе се однесува само за домашни компании, прозиводители и услуги во период од 30 дена, а во износ од 16 милиони евра.

Натаму, Спасовски објави дека 100.000 граѓани ќе добијат ваучер за домашен туризам од 6.000 денари и и домашна платежна картичка од 3.000 денари, со цел јакнење на домашниот туризам. Оваа мерка ќе можат да ја користат сите вработени граѓани што примаат нето плата помала од 15.000 денари и немаат други приходи. Ваучерот, појасни, ќе може да се користи во домашните хотели и други сместувачки капацитети, а со платежната картичка се поттикнува купување домашни производи и услуги.

Спасовски најави и помош за 100.000 млади луѓе во износ од 12 милиони евра, што ќе можат да ги искористат преку повеќе видови помош. Парична поддршка до 6.000 денари, платежна картичка од 3.000 денари и картички и ваучери за обуки во ИТ секторот и партиципација за универзитет и за сместување во ученички и студентски домови.

Паричната поддршка од 6.000 денари се однесување за покривање на партиципација во Универзитет, или за сместување во ученички или студентски домови.

Оваа мерка за млади, како што рече Спасовски, вклучува и ваучери од 30.000 денари за кофинансирање обуки, тренинзи и курсеви за ИТ и дигитални вештини за млади, со што ќе бидат финансиски поддржани да стекнат знаења и вештини од областа за информатичката технологија кои ќе им овозможат брзо вработување.

– Воведуваме викенд без ДДВ за сите граѓани, преку поевтини цени за граѓаните. Поттикнуваме потрошувачка и раст на приходи во одредени продажни сектори како што се продавници за гардероба, бела техника, мебел, санитарија, школски прибор и книги. Очекуваме дополнителен приход од 20 милиони евра кои ќе се слеат во македонското стопанство, посочи Спасовски на прес-конференција.