Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими членовите на Државната изборна комисија откако вчера во неговиот Кабинет се одржа лидерска средба за одржувањето на предвремените избори.
-Претседателот Пендаровски ги запозна членовите на Државната изборна комисија со ставовите на претседателите на политичките партии и консензуално усвоениот став дека е потребно Државната изборна комисија да достави мислење за временските рокови потребни за спроведување на изборниот процес. На средбата беше договорено ДИК утре да го достави своето мислење до Кабинетот на Претседателот, соопшти Кабинетот на Пендаровски.