Веќе е јасно како бел ден. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ очајно се обидуваат да избегаат од избори со цел да го пролонгираат денот кога ќе доживеат уште еден изборен пораз.
Нивните лажни политики кои не нудат перспектива, туку враќање на криминалот, корупцијата и безредието ќе бидат казнети, затоа што граѓаните добро знаат што можат да понудат извршителите на бегалецот од Будимпешта, Никола Груевски.
Граѓаните никогаш нема да го заборават режимското владеење на ВМРО-ДПМНЕ базирано на лаги и конфликти, нема да го заборават деструктивното однесување на Мицкоски во време на криза.
Граѓаните паметат и како Мицкоски лажеше дека нема тестови, како се закануваше со кривични пријави против министерот Венко Филипче, како во време во пандемија вежбаше во теретана додека нивното рбаотење беше забрането. Оттука е неговиот страв од пораз на изборите.
Колку и да се обидуваат, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да се спасат од соочување со граѓаните и од извесниот изборен пораз што ги чека.
Затоа со секој нов ден измислуваат нови предуслови, бараат лидерски средби, а бегаат од одлука за изборен датум, бараат алиби поради стравот од казната на граѓаните.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ избегаа од брзи избори од декмври, но овој пат ќе мора да се соочат со одлуката на граѓаните.
Република Северна Македонија мора да го искористи првиот момент, кога тоа ќе го дозволи здравствената ситуација, и да оди на парламентарни избори.
Веднаш после тоа мора да продолжиме со успешно и ефикасно справување со последиците од здравствената криза и да обезбедиме економски развој и напредок.
Мицкоски ќе замине во историјата како политичар кој не се огради и го штитеше криминалот и корупцијата на неговиот ментор Никола Груевски.