ВМРО-ДПМНЕ: Заев се прослави на Балканот по свитканата кичма

Зоран Заев се прослави на Балканот по својата свиткана кичма која стана посакуван елемент од владеењето на СДСМ од страна на нашите соседи.

И покрај промената на името, Република Македонија повторно се соочува со блокада овој пат за членството во Европската Унија од страна на Бугарија, а од нас е бара да се откажеме од својата историја и јазик.

Она што е најстрашно е тоа што со Зоран Заев не се надминуваат пречките, туку летвичката постојано се поткрева и се зголемува листата со нови барања и услови.

Изјавата на претседателот на европските социјалисти Сергеј Станишев дека „најдобро за Бугарија е СДСМ и Заев да се на власт“ и дека Бугарија е национално заинтересирана за победа на Зоран Заев и социјалдемократите на претстојните избори е најдобар пример за чии интереси работи Заев и СДСМ под негово раководство.

Дополнително молкот на Зоран Заев за документот кој се криеше од македонската јавност, скандалозен документ во кој се бара да се откажеме од јазикот, историјата и најславните македонски историски личности доколку сакаме да станеме дел од Европската Унија е показател дека Зоран Заев е спремен на секакви отстапки само да остане на власт и да не заврши во затвор.

Во однос на изборите, ВМРО-ДПМНЕ е спремно да го порази СДСМ во било кое време, но здравјето на граѓаните е над се. Борбата за човекови животи е поважна од борбата за власт. Граѓаните ќе го поразат Заев и СДСМ затоа што она што е најдобро за Станишев и Бугарија не е за Македонија.