Напредокот во евроинтеграциите и користењето на фондовите од ЕУ на 54. владина седница

Состојбите и напредокот во процесот на европска интеграција, користењето и имплементацијата на фондовите од ЕУ, статус на реализација на приоритетите на РМ за влез во НАТО, како и статус на реализација на Рамковниот договор ќе бидат разгледани како пред точки на 54-та седница на Владата на Република Македонија.

На дневен ред на денешната седницата се 104 точки, меѓу кои и Информацијата во врска со потребата од донесување на одлука за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија со електронско јавно наддавање за изградба на објект со намена Е1-комунална инфраструктура, Е2-комунална супраструктура и Д1-парковско и зеленило од јавен интерес и Информацијата во врска со потребата од донесување на одлука за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија со електронско јавно наддавање за изградба на објект со намена Е2-комунална супраструктура (фотоволтаична централа) од јавен интерес.

Членовите на Владата ќе ги разгледаат Барањето за донесување на одлука за отстапување на 600.000 литри Еуродизел БС гориво, од задолжителните резерви на нафта и нафтени деривати на Македонски Железници Транспорт АД – Скопје, како и Информацијата во врска со вложувања во инфраструктурни проекти финансирани од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој.

Владата денеска ќе ги разгледа и Предлог-одлуката за затворање на почесниот конзулат на Република Македонија во Република Албанија, со седиште во Драч и Предлог-решението за отповикување на почесниот конзул на Република Македонија во Република Албанија, со седиште во Драч, како и Предлог-решението за изменување на Решението за именување членови, заменици членови и секретар на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам.

На дневен ред, меѓу другите точки, ќе се најде и Барањето за ослободување од давачки за набавка на спортска опрема и автомобил за врвен спортист Игор Стефановски-Иџе