Синдикатот на полицијата го честита Денот на македонската полиција, 7 мај и воедно упатува честитка до вработените во Министерството за внатрешни работи за, како што посочуваат, професионализмот во извршувањето на одговорните задачи, но пред сè за лојалноста кон татковината.
– Полицијата постои за да им служи на македонските граѓани, да се грижи за секојдневната заштита на нивните животи, личната безбедност и сопственост. Не постои друга професија во светот што може да ја одберете каде ќе ги искусите најдобрите и најлошите животни реалности, се вели во соопштението од Синдикатот.
Да бидеш полициски службеник, додаваат оттаму, преставува особена чест.
– Да направиме од професијата полицаец, професија која ќе биде вреднувана во општеството, а посебно во нашата држава Нека ни е честит 7 мај, Денот на македонската полиција и вечен спомен на хероите кои не се повеќе меѓу нас. Тие живеат во нашите срца, никогаш нема да ги заборавиме, додаваат во честитката.