Јанушев: За само еден ручек за тројца од влада Заеви ќе потрошат над 17.000 денари

Владата троши илјадници евра пари на граѓаните во ек на корона кризата за купување на скап алкохол, сортни вина, виски и водка, додека во исто време бара донации за респиратори.

Заев, преку Нина Ангеловска даде налог да се бркаат луѓе од работа, илјадници ќе останат без леб, затоа што Заеви го испразнија буџетот и направија буџетска дупка од 1.3 милијарди евра, за народот нема, ама за алкохол и морска храна за функционерите на СДСМ мора да има.

Додека луѓе се заразуваат и умираат од корона, додека добар дел од луѓето немаат леб да јадат, во владата ќе се пијат барикни вина, чија малопродажна цена достигнува неколку илјади денари, а владата на Заев и СДСМ ќе набави 80 шишиња вакво вино. Само за едно шише вакво вино, Заеви ќе дадат околу 1/4 од минималната плата на еден македонски работник. Ова е забегано.

Луѓето на Заев, Спасовски, Шекеринска и Филипче ќе пијат и Каберне Совињон, Мерло, Мускатни и други вина и внимавајте, октопод пијаната Влада ќе набави, ни помалку, ни повеќе – над 1900 шишиња од овие вина.

И додека лекарите се заразуваат затоа што немаат заштитна опрема, додека некое семејство од Демир Хисар, Кратово или Валандово нема пари за леб, Заеви ќе јадат бранцин, чија цена во рестораните за 1 килограм е над 4.000 денари и ќе пијат барикно вино од неколку илјади денари.

За само еден ручек Заеви ќе трошат 5.500 денари или за јадење за тројца околу 17.000 денари, што е многу повеќе отколку што една конфекциска работничка што може да заработи за цел месец.

Една порција за функционерите на власта е цела плата за работливиот народ. Некој го трга секој денар за да обезбеди леб, а функционерите на владата се расфрлаат на големо.

На оваа аздисаност мора да и дојде крај. Бараме итно запирање на луксузните набавки и пренамена на парите за купување на заштитна опрема и дезинфициенси.

Наместо на луксуз парите да се трошат за граѓаните, за закрепнување на економијата, за земјоделието и здравството.

Новинарско прашање од Клан ТВ:Нашето прашање се однесува на ставот на вашата партија околу можниот датум за избори во јуни? Сметате ли дека земјава после ваков период треба да оди на избори во јуни со оглед на тоа што се најавува нов бран на вирусот на есен?

Одговор: Во принцип хипотетички прашања не одговараме, но еве со оглед на тоа што се однесуваат за човекот којшто буквално утна се што кажа и постави сосема погрешна прогноза за тоа како идеа сите работи до сега. Најпрво велеше дека не треба да се носат маски, па дека па после дека треба да се носат маски. Човекот којшто намерно не тестира толку многу само за да ја држи бројката на заразени во некои „нормален тренд“ на пораст односно ниско. Она што е важно е дека нема да дозволиме заразување на целата држава при огромен број на заболени само за Заев и СДСМ да го намалат поразот. Било кога да има избори, било каде да има избори, било како да се организираат изборите, ВМРО-ДПМНЕ победува. Но, не е само поентата ВМРО-ДПМНЕ да победи кога цела држава ќе биде заразена. Формирање на таква влада воопшто не посакуваме.

Новинарско прашање од МТВ: Дали можете да ја коментирате најавата од Уставниот суд за иницијатива за преоценување на одлуката за самораспуштање на Собранието. Како вие би се позиционирале доколку одлуката е укинувачка или поништувачка за самораспуштање на Собранието?

Одговор: Уште едно хипотетичко прашање. Нашиот став е добро познат на јавноста во однос на целата оваа шарада што се прави околу собранието и враќањето на собранието, не би коментирал ништо повеќе, да ја почекаме да ја видиме одлуката, експертите ќе се изјаснат. Нормално дека ќе го соопштиме нашиот став доколку има нели ситуација која што е различна од очекуваната.

Новинарско прашање од ТВ Сител: Коментар за мерката за повраток за ДДВ, дали средствата ќе се искористат наменски, имајќи ги во предвид вашите обвинувања ?

Одговор: Доколку сметаме дека наменски се трошат и сега како што беше темата на денешната прес конференција на скапа храна и пијалаци, тогаш можам со сигурност да кажам дека не, не очекувам истите да бидат наменски потрошени. Од самиот почеток ја критикувавме оваа мерка, и еве се покажува дека со право сме ја критикувале. Покрај буџетскиот дефицит од 1.3 милијарди евра, затоа што ненаменски ги трошат парите, не можам да разберам како може парите да ги има за се што е непотребно, а да ги нема за она што е потребно, како на пример за респиратори, за заштитна опрема, тоа е целата помош којашто треба да се обезбеди пред се за медицинскиот персонал и за сите останати, да треба да бараме граѓаните да го прават тоа со поврат. Ја зголемија акцизата, наместо тие пари да ги искористат, за да направат нешто продуктивно одат само на товар на граѓаните, повторно бараат поврат од парите од ДДВ-то, компасот не им е изгубен, воопшто го немаат. Ова што се случува денеска како што кажав и вчера е аздисаност, ова што го прават е забеганост, ова што го прават е лудост и надвор од памет.