Солидарна помош од Австрија за справување со пандемијата

Амбасадата на Австрија  соопшти дека преку механизмот за цивилна заштита на ЕУ (Union Civil Protection Mechanism – UCPM)  во наредните денови се очекува во нашата земја да пристигне солидарна помош за справување со пандемијата од КОВИД-19, која ќе се состои од шатори, ќебиња, генератори за електрична енергија, душеци, постелнина за еднократна употреба и средства за хигиена.

Од Амбасадата посочуваат дека Австрија беше погодена од пандемијата КОВИД-19 околу две и пол недели пред С. Македонија и дека, по претпоставка дека најлошото заврши, Австрија сега е во позиција да обезбеди итно потребени средства и добра за помош на земјава. Покрај најтешко погодените земји, наведува Амбасадата, приоритет на австриската помош и солидарност е насочена кон земјите од Западен Балкан.

– „Австрија ја поддржува С. Македонија во оваа криза со конкретно потребни средства и добра. Коранавирусот  нè става пред нови предизвици со коишто можеме само заеднички да се справиме. Исто така, продолжуваме да работиме заедно и да се залагаме, С. Македонија и другите земји од Западен Балкан наскоро да можат да го заземат своето место во ЕУ, и зјави министерот за надворешни работи Шаленберг во една прилика, истакнува Австриската амбасада во соопштението.

Амбасадата наведува и дека Австрија сака да покаже солидарност и кога болничките капацитети се ограничени поради КОВИД-19 и затоа и понуди на С. Македонија третман на  пациенти во Австрија. 

-Дури и во време кога пандемијата зема голем замав, болниците во Австрија останаа  отворени за пациенти за итни случаи од С. Македонија, додава во соопштението на Амбасадата на Австрија.