Донација од Министерството за здравство од 32.000 заштитни маски пристигна во Прилеп, која ја дистрибуираше Дирекцијата за заштита и спасување. Овие заштитни маски преку локалната самоуправа ќе им се распределуваат на граѓаните.
Во текот на викендот, општината спроведе акција за дезинфекција на улиците во сите урбани заедници во градот, а дезинфицирани беа и влезовите и скалилата до највисоките катови на колективните станбени згради.
Акцијата ја спроведоа 30-ина волонтери.