Во изминатите 24 часа потврден е 41 нов случај на Ковид – 19 и тоа во Скопје – 17, Куманово – 11, Прилеп – 5, Тетово – 3, Кавадарци – 1, Гостивар -1, Крива Паланка -1, Кичево -1, Неготино – 1. Лицето евидентирано во подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија. Регистрирани се 29 излекувани пациенти од кои четворица пациенти од болничко лекување и 25 кои се лекуваа во домашни услови од кои во Скопје – 21, Битола – 3 и Струмица – 1, соопшти Министерството за здравство.
Со новопотврдените 41 случај, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид – 19 во нашата земја изнесува 1.300 од кои во Скопје – 439, Куманово – 353, Дебар – 51, Штип – 34, Прилеп – 131, Тетово – 65, Струга – 55, Велес – 62, Битола – 17, Охрид – 15, Кавадарци – 5, Гостивар – 14, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка – 5, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 28, Пробиштип – 2, Кичево – 3, Неготино – 3, Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 2, Пехчево – 1, Валандово -1.
Во изминатото деноноќие направени се 649 теста и тоа преку Институтот за јавно здравје – 437, преку Ветеринарен фекултет – 23, Авицена – 20, Биотек – 49, Клиника „Жан Митрев“ – 90 и Систина со PCR метода – 30. Досега во земјата се направени вкупно 13.649 тестирања на Ковид -19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се лекуваат 63 пациенти од кои 23 на кислородна поддршка и пет на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 Септември“ хоспитализиран е 31 пациент. Со потешка клиничка слика се седум пациенти и седум се приклучени на респираторна машина. Во Клиничката болница во Битола се лекуваат 11 пациенти, а уште 11 се следат на домашно лекување. Во моментов во Клиничката болница во Штип се хоспитализирани тројца пациенти, а 13 се следат на домашно лекување, стои во соопштението од Министерството за здравство.