Фудбалери од дијаспората кои имале право, но никогаш не настапиле за Македонија

Печалбарството и преселбата биле отсекогаш обележје на овие наши простори, со векови наназад, па до ден денес и независно дали станува збор за Македонци или за припадници на малцинствата што живеат во Македонија. По стекнувањето на независноста нашата фудбалска јавност секогаш ја интересирало дали некој од нашите иселеници или од нивните потомци ќе одлучи да настапи за земјата од каде што потекнува.
Токму затоа, ова е краток осврт посветен на оние фудбалери кои што имаа можност но, никогаш не заиграа за Македонија.
Некои од нив настапуваа за посилни репрезентации кои што беа дел од континентални и светски првенства, некои не заиграа поради негрижата на нашата фудбалска федерација, а некои пак едноставно не сакаа да играат за Македонија. Никогаш нема да дознаеме дали нивното присуство ќе придонесеше за наш пласман на Европско или Светско Првенство но, сигурно ќе го подигнеше квалитетот на репрезентацијата на далеку повисоко ниво.
Ова е според наше мислење најдобриот тим составен од дијаспорци кои што никогаш не заиграа за Македонија:
1. Владимир Влада Аврамов 05.04.1979 Србија
– Ја заврши кариерата и работи како помошен тренер во Бреша,Италија.
Аврамов е роден во Нови Сад,Србија но, по татко е Македонец.
Има 2 настапи за А репрезентацијата на Србија. На сениорско ниво има настапувано во Србија (Војводина), Италија (Виченца,
Пескара, Фиорентина, Тревизо, Калјари, Торино, Аталанта) и Јапонија (Токио). Никогаш не бил контактиран за настап за Македонија.
Владимир Аврамов
2. Шкодран Мустафи 17.04.1992 Германија
– Настапува во Арсенал,Англија. Роден е во Бад Херсфелд,Германија но, по татко е по
потекло од село Симница, Гостивар. Има 20 настапи за А репрезентацијата на Германија
 и 2 постигнати гола. На сениорско ниво Мустафи има настапувано во Англија (Евертон,
Арсенал), Италија (Сампдорија) и Шпанија (Валенсија). Има освоено 1 куп и 1 супер куп во Англија со Арсенал додека со репрезентацијата на Германија има освоено златен медал на Светско Првенство во 2014 година, на Куп на Конфедерации во 2017 година, како и на Европско Првенство за играчи до 17 години во 2009 година. Со репрезентацијата на Германија има настап и на Европско Првенство во 2016 година.
Го одби повикот од Македонија за да настапува за Германија.
Шкодран Мустафи
Шкодран Мустафи
3. Марек Јанкуловски 09.05.1977 Чешка
– Ја заврши кариерата и работи како спортски директор во Бањик Острава,Чешка. Роден е во Острава,Чешка но, по татко е Македонец со потекло од Егејска(Беломорска)
Македонија при што татко му од СР Македонија(денешна Република Македонија)
емигрирал во Чешка. Има 77 настапи за А репрезентацијата на Чешка и 11 постигнати гола.
На сениорско ниво има настапувано во Чешка (Бањик Острава) и Италија (Наполи,
Удинезе, Милан). Јанкуловски има освоено 1 Лига на Шампиони, 1 УЕФА Супер куп, 1
титула Светски клупски првак и 1 титула во Италија со Милан. Бил избран за фудбалер на годината во Чешка во 2007 година.
Со репрезентацијата на Чешка настапил на Европско
Првенство во 2000, 2004 и 2008 година, на Олимписки игри во 2000 година и на Светско Првенство во 2006 година. Нникогаш не бил контактиран за настап за Македонија.
Марек Јанкуловски
Марек Јанкуловски
4. Немања Матиќ 01.08.1988 Србија
– Настапува во Манчестер Јунајтед, Англија.
Роден е во Шабац,Србија но, по мајка е Македонец со потекло од село Волковија,Тетово. Тој е актуелен репрезентативец на
Србија со 48 настапи за А репрезентацијата и 2 постигнати гола. На сениорско ниво
има настапувано во Словачка (Кошице), Холандија (Витесе), Португалија (Бенфика) и Англија (Челзи, Манчестер Јунајтед). Има освоено 1 куп во Словачка со Кошице, 1 титула, 1 куп и 2 лига купа во Португалија со Бенфика, 3 титули, 1 куп и 1 лига куп во Англија со Челзи.
Матиќ е избран за фудбалер на годината во португалската лига во 2012 година и за
фудбалер на годината во Србија за 2014 и 2015 година. Настапил со репрезентацијата на Србија на Светско Првенство во 2018 година. Никогаш не бил контактиран за настап за Македонија.
Немања Матиќ
Немања Матиќ
5. Игор Ташевски 25.07.1972 Србија
– Ја заврши кариерата и работи како помошен тренер во Виљареал Б,Шпанија.
Роден е во Белград, Србија но по татко е Македонец со потекло од околината на Кавадарци.
Беше младински репрезентативец на СФР Југославија непосредно пред нејзиниот распад.
На сениорско ниво има настапувано во Србија
(Партизан Белград, Вождовац) и Шпанија(Виљареал, Елче, Спортинг Хихон).
Има освоено 2 титули и 1 куп на СР Југославија со Партизан. Ташевски ја одби поканата од Македонија со надеж дека ќе биде повикан за
настап во тогашна СР Југославија но, никогаш не заигра за нив.
Игор Ташевски
Игор Ташевски
6. Саша Огненовски 03.04.1979 Австралија
– Ја заврши кариерата и работи како тренер во Данденонг Сити,Австралија. Роден е во Мелбурн,Австралија но, по татко е Македонец. Има 22 настапи за А репрезентацијата на Австралија и 1 постигнат гол.
На сениорско ниво има настапувано во Австралија (Престон
Лајонс, Мелбурн Најтс, Фокнер Блуз, Квинсленд Рор, Аделаида Јунајтед, Сиднеј ФЦ), Грција (Панахаики), Република Кореја (Сеонгнам) и Катар (Ум Салал). Има освоено 1 Лига на Шампиони на Азија и 1 куп на Република Кореја со Сеонгнам, а со репрезентацијата на Австралија има освоено сребрен медал на Азиски Куп во 2011 година.
Тој е избран за фудбалер на годината во Азија во 2010 година и за најкорисен играч (МВП) на Азиската Лига на Шампиони во 2010 година.
Огненовски прифати повик од Македонија во 2009 година но, не настапи поради ненавремено издавање на документи од страна на македонските власти за потоа Фудбалската Федерација на Македонија да се откаже од него поради неговата возраст. Следната година е избран за најдобар играч во Азија и добива повик од Австралија со што ја потврди големата грешка на нашата федерација.
Саша Огненовски
Саша Огненовски
7. Јован Кировски 18.03.1976 САД
-Ја заврши кариерата и работи како технички директор во Лос Анџелес Галакси,САД. Кировски е роден во Ескондидо,САД но, обата родители му се Македонци. Има 63 настапи за А репрезентацијата на САД и 10 постигнати гола.
На сениорско ниво настапувал во Англија (Манчестер Јунајтед, Кристал Палас, Бирмингем Сити), Германија (Борусија Дортмунд, Фортуна Келн), Португалија (Спортинг) и САД/Канада (Лос Анџелес Галакси, Колорадо Рапидс, Сан Хозе ‘Ртквејкс). Има освоено 1 Лига на Шампиони, 1 титула Светски
клупски првак и 1 Супер куп на Германија со Борусија Дортмунд,, 2 МЛС купа, 2 С’портерс Шилд трофеи и 1 “Ламар Хант” УС Опен куп во САД/Канада со Лос Анџелес Галакси. Toj има освоено бронзен медал со репрезентацијата на САД на КОНКАКАФ Голд Куп во 1996 и на Куп на Конфедерации во 1999 година.
Со репрезентацијата на САД настапил и на Копа Америка во 1995 година, на Олимписки Игри во 1996 година, КОНКАКАФ Голд Куп во 2000 година и на Куп на Конфедерации во 2003 година.
Никогаш не бил контактиран за настап за Македонија.
Јован Кировски
Јован Кировски
8. Миле Стерјовски 27.05.1979 Австралија
– Ја заврши кариерата и работи како помошен тренер во Макартур,Австралија. Роден е во Волонгонг,Австралија, но по татко е Македонец. Има 42 настапи за А репрезентацијата на Австралија и 8 постигнати гола. На сениорско ниво Стерјовски има настапувано во
Австралија (Волонгонг Вулфс, Волонгонг Јунајтед,, Сиднеј Јунајтед, Парамата Пауер, Перт Глори, Сентрал Коуст Маринерс), Франција (Лил), Швајцарија (Базел 1893), Турција (Генчлербирлиги), Англија (Дерби Каунти) и Кина (Далиан Аербин). Има освоено 1 титула и1 куп во Швајцарија со Базел, 1 титула во Австралија со Сентрал Коуст Маринерс, додека пак со репрезентацијата на Австралија има освоено златен медал на Куп на Нации на Океанија во 2004 и бронзен медал на Куп на Конфедерации во 2001 година. Со репрезентацијата на Австралија настапил и на Куп на Конфедерации во 2005 година, Светско
Првенство во 2006 година и на Азиски Куп во 2007 година.
Никогаш не бил контактиран за настап за Македонија.
Миле Стерјовски
9. Вељко Пауновиќ 21.08.1977 Србија
– Ја заврши кариерата и во моментов е без ангажман. Роден е во Струмица и по мајка е
Македонец.. Има 1 настап за А репрезентацијата на СР Југославија и 1 настап за А
репрезентацијата на Србија и Црна Гора(обата на пријателски натпревари) и 1 постигнат гол. На сениорско ниво има настапувано во Србија
(Партизан Белград), Шпанија (Атлетико Марбеља, Атлетико Мадрид, Реал Мајорка, Реал Овиедо, Тенерифе, Хетафе, Алмерија),
Германија (Хановер 96), Русија (Рубин Казањ) и САД/Канада (Филаделфија Јунион). Пауновиќ има освоено 1 титула во Шпанија со Атлетико Мадрид и 1 титула и 1 куп во
Србија со Партизан. Како тренер со репрезенатацијата на Србија има освоено златен медал на Светско Првенство за фудбалери до 20 години во 2015 година. Ја одби поканата од Македонија со надеж дека ќе биде повикан за настап за Србија но, никогаш не заигра за нив.
Вељко Пауновиќ
Вељко Пауновиќ
10. Блерим Џемаили 12.04.1986 Швајцарија
– Настапува во Шенжен, Кина. Роден е во Тетово, а потеклото му е од село Боговиње. На негова 4 годишна возраст семејството се сели во Цирих,Швајцарија. Има 69 настапи за А репрезентацијата на Швајцарија и 11 постигнати гола. На сениорско ниво има настапувано во Швајцарија (Цирих), Англија (Болтон), Италија (Торино, Парма, Наполи, Џенова, Болоња), Турција (Галатасарај), САД/Канада (Монтреал Импакт) и Кина (Шенжен). Тој има освоено 2 титули и 1 куп во Швајцарија со Цирих, 1 титула, 1 куп и 1 супер куп во Турција со Галатасарај, 2 купа во Италија со Наполи. Џемаили настапил со репрезентацијата на
Швајцарија на Светско Првенство во 2006, 2014 и 2018 година и на Европско
Првенство во 2016 година. Никогаш не бил контактиран за настап за Македонија.
Блерим Џемаили
Блерим Џемаили
11. Адмир Мехмеди 16.03.1991 Швајцарија
– Настапува во Волфсбург,Германија. Роден е во Гостивар и на негова 4 годишна возраст семејството се сели во Белинцона,Швајцарија.
Тој е актуелен репрезентативец на Швајцарија со 63 настапи за А репрезентација и 9 постигнати гола. На сениорско ниво има настапувано во Швајцарија (Цирих), Украина (Динамо), и Германија (Фрајбург, Баер 04 Леверкузен, Волфсбург). Има освоено 1 титула во Швајцарија со Цирих. Настапил со репрезентацијата на Швајцарија на Олимписки Игри во 2012 година, Светско Првенство во 2014 година и на Европско првенство во 2016 година. Мехмеди го одби повикот од Македонија за да настапува за Швајцарија.
Адмир Мехмеди
Адмир Мехмеди
__________________________________________________________________________________________
РЕЗЕРВИ
12. Диме Јанкуловски 18.06.1977 Шведска
– Ја заврши кариерата и работи како помошен тренер во Вестра Фролунда,Шведска. Јанкуловски е роден во Гетеборг,Шведска но, по татко е по потекло од село Брајчино, Ресен. Има 1 настап за А репрезентацијата на Шведска(пријателски натпревар). На
сениорско ниво има настапувано во Шведска (Лундби, Вестра Фролунда, АИК, Норчепинг,
Ергрите, ГАИС, Хакен) и Норвешка (Старт, Рауфос).
Никогаш не бил контактиран за настап
за Македонија.
Диме Јанкуловски

13. Риза Дурмиши 08.01.1994 Данска

– Настапува во Ница,Франција. Роден е во Исхој,Данска но по татко е по потекло од село Камењане,Тетово. Има 23 настапи за А репрезентацијата на Данска. На сениорско ниво Дурмиши има настапувано во Данска (Брондби), Шпанија (Реал Бетис), Италија (Лацио) и
Франција (Ница). Тој има освоено 1 куп и 1 супер куп во Италија со Лацио. Го одби
повикот од Македонија за да настапува за Данска.
Риза Дурмиши 
Риза Дурмиши

14. Сердар Азиз 23.10.1990 Турција

– Настапува во Фенербахче,Турција. Роден е во Бурса,Турција но, по татко е по потекло од Битола.
Тој е актуелен репрезентативец на Турција со 18 настапи за А репрезентацијата
и 2 постигнати гола. На сениорско ниво има настапувано во Турција (Бурсаспор,
Галатасарај, Фенербахче).
Азиз има освоено 1 титула во Турција со Бурсаспор, 1 титула и 1
супер куп во Турција со Галатасарај. Го одби повикот од Македонија за да настапува за Турција.
Сердар Азиз
Сердар Азиз

15. Семих Каја 24.02.1991 Турција

– Настапува во Спарта Прага,Чешка. Роден е во Бергама,Турција но, по татко има потекло од Македонија.

Каја има 23 настапи за А репрезентацијата на Турција. На сениорско ниво
има настапувано во Турција (Галатасарај, Газиантепспор, Карталспор) и Чешка (Спарта Прага).
Тој има освоено 4 првенства, 4 купа и 4 супер купа на Турција со Галатасарај. Настапил со репрезентацијата на Турција на Европско Првенство во 2016 година. Никогаш не бил контактиран за настап за Македонија.
Семих Каја
Семих Каја
16.  Урош Матиќ 23.05.1990 Србија
– Настапува во Апоел,Кипар. Матиќ е роден во Шабац,Србија но, по мајка е Македонец
со потекло од село Волковија,Тетово. Има повик во А  репрезентацијата на Србија но,
без настап. На сениорско ниво има настапувано во Словачка (Кошице), Португалија
(Бенфика Б), Холандија (НАЦ Бреда), Австрија (Штурм, Австрија Виена), Данска (Копенхаген) и Кипар (Апоел). Тој има освоено 1 титула и 1 куп во Данска со Копенхаген. Во 2015 година прифати повик од Македонија но, не доби дозвола за настап од Светската Фудбалска Федерација(ФИФА).
Урош Матиќ
Урош Матиќ
17. Александар Игњовски 27.01.1991 Србија
– Настапува во Холштајн Кил,Германија. Роден е во Панчево,Србија но, по татко е
Македонец. Има 12 настапи за А репрезентацијата на Србија. На сениорско ниво има
настапувано во Србија (ОФК Београд) и Германија (Минхен 1860, Вердер, Ајнтрахт Франкфурт, Фрајбург, Магдебург, Холштајн Кил).
Игњовски го одби повикот од Македонија за да настапува за Србијa.
Александар Игњовски
Александар Игњовски
18. Иксел Османовски 24.02.1977 Шведска
– Ја заврши кариерата и работи како помошен тренер во У21 тимот на Малме,Шведска. Роден е во Малме,Шведска но, по татко е по потекло од Ресен. Османовски има 15
настапи за А репрезентацијата на Шведска и 2 постигнати гола. На сениорско ниво има настапувано во Шведска (Малме), Италија (Бари, Торино) и Франција (Бордо). Настапил со репрезентацијата на Шведска на Европско Првенство во 2000 година. Никогаш не бил контактиран за настап за Македонија.
Иксел Османовски
Иксел Османовски
19. Александар Качаниклиќ 13.08.1991 Шведска
– настапува во Хамарби,Шведска. Роден е во Хелсингборг,Шведска но, по татко е по
потекло од село Волково,Скопје. Има 21 настап за А репрезентацијата на Шведска и 3
постигнати гола. На сениорско ниво Качаниклиќ има настапувано во Англија (Фулам,
Вотфорд, Барнли), Данска (Копенхаген), Франција (Нант) и Шведска (Хамарби).
Тој има освоено 1 куп во Данска со Копенхаген. Го одби повикот од Македонија за да настапува за Шведска.
Александер Качаниклиќ
Александер Качаниклиќ
20. Изет Хајровиќ 04.08.1991 Босна и Херцеговина
– Настапува во Динамо,Хрватска. Роден е во Бруг,Швајцарија но, по еден од родителите
води потекло од село Десово, Прилеп.
Има 1 настап за А репрезентацијата на Швајцарија
(пријателски натпревар) како и  27 настапи за А репрезентацијата на Босна и Херцеговина
и има постигнато 6 гола. На сениорско ниво има настапувано во Швајцарија (Грасхоперс),
Турција (Галатасарај), Германија (Вердер), Шпанија (Еибар) и Хрватска (Динамо). Хајровиќ има освоено 1 куп во Швајцарија со Грасхоперс, 1 куп во Турција со Галатасарај, 2
титули, 1 куп и 1 супер куп во Хрватска со Динамо Загреб. Тој настапил со
репрезентацијата на Босна и Херцеговина на Светско Првенство во 2014 година. Го одби повикот од Македонија за да настапува за Босна и Херцеговина.
Изет Хајровиќ
Изет Хајровиќ
21. Ивица Илиев 27.10.1979 Србија
– Ја заврши кариерата. Роден е во Белград,Србија но, по татко е Македонец. Има 2
настапи за А репрезентацијата на Србија и Црна Гора(двата на пријателски натпревари) и 1 постигнат гол. На сениорско ниво има настапувано во Србија (Партизан Белград), Италија (Месина, Џенова), Грција (ПАОК), Германија (Енерги Котбус), Израел (Макаби Тел Авив) и Полска (Висла Краков). Има освоено 2 титули и 2 купа во СР Југославија со Партизан, 1
титула во Србија и Црна Гора со Партизан, 1 титула и 1 куп на Србија со Партизан. Илиев бил најдобар стрелец во првенството на Србија во сезоната 2010/11 година. Два пати бил контактиран за настап за Македонија од кои што првиот пат ја одбива поканата заради настап за Србија и Црна Гора додека вториот пат ја прифаќа поканата но, тогашниот македонски селектор Сречко Катанец сметал дека не му е потребен во составот.
Ивица Илиев
Ивица Илиев
22. Семих Шентурк 29.04.1983 Турција
– Ја заврши кариерата. Роден е во Измир,Турција но, по татко e по потекло од село
Дражилово,Скопје.
Има 29 настапи за А репрезентацијата на Турција и 9 постигнати гола.
На сениорско ниво има настапувано во Турција (Измирспор, Фенербахче, Анталијаспор,
Истанбул Башакшехир, Ескишехирспор).
Тој има освоено 5 титули, 2 купа и 2 супер купа во
Турција со Фенербахче.
Бил најдобар стрелец во првенството на Турција во сезоната
2007/08 како и во купот на Турција во сезоната 2006/2007 година.
Шентурк настапил со репрезентацијата на Турција на Европско Првенство во 2008 година.
Никогаш не бил контактиран за настап за Македонија.
Семих Шентурк
23. Дејан Стојановиќ 19.07.1993 Австрија
– Настапува во Мидлзбро,Англија. Роден е во Фелдкирх,Австрија но, по татко е по
потекло од Куманово.
На сениорско ниво има настапувано во Австрија (Лустенау), Италија
(Болоња, Кротоне), Швајцарија (Сент Гален) и Англија (Мидлзбро).
Стојановиќ има 2 настапи за репрезентацијата на Македонија до 21 година на пријателски напревари но, се откажа од македонскиот пасош во корист на австрискиот и поради тоа не
продолжи да брани за Македонија во сениорска конкуренција.
Дејан Стојановиќ
Дејан Стојановиќ
______________________________________________________________________________________________
Во соработка со сајтот Macedonian Football.