Општина Боговиње сега има најмногу, 24, заболени со Ковид-19 (од кои едн починат) во тетовкиот регион, соопшти Кризниот штаба на општина Тетово по денешниот осми состанок. Тетово има 21 со двајца починати, општина Теарце, и општина Брвеница 4 (починат1 ), општина Јегуновце 4 и општина Желино двајца.
Тетовската градоначалничка Теута Арифи на средба со новинарите по завршување на осмиот состанок на Кризниот штаб ги објасни новите мерки кои по нивно барање ќе се спроведуваат во тетовскиот регион. Таа објасни дека маските нема да бидат задолжителни за употреба на отворено, туку само во затворени простории.
– Побаравме од Владата да прецизира дека маските мора да се носат само во затворени простории како маркети, банки и институции. Ова е потребно според искуствата од другите градови бидејќи затворените простории се најопасни. Мерката има буџетско оптоварување и затоа е потребно да има само за затворени простории, рече Арифи.
Од друга страна превоз на патници нема да биде дозволен, а работодавачите треба да најдат соодветни решенија за вработените.
– Најголем број на заболени со коронавирус се резултат на комуникацијата и недржењето социјална дистанца. Мерката да нема организиран превоз на патници е во насока намалување на можноста за ширење на вирусот со оглед дека во автобуси и комбиња има стеснет простор за повеќе луѓе. Од полицијата денес им е укажано на операторите дека оваа мерка стрикно ќе се реализира. Полиција, болница и други институции го имаат решено ова прашање, а имаме информации дека веќе сопствен превоз имаат и поголемите компании за своите работници, рече Арифи.
Според Арифи, важно е во наредниот период да има помал полициски час за да се избегнат гужвите пред маркетите и институциите.
– Кризниот штаб исто така побара од Владата да полицискиот час на почетокот на светиот месец Рамазан да започне од 19 часот, со цел граѓаните да имаат повеќе време да ги реализираат своите дневни обврски, со што ќе се избегнат собирите и редиците пред маркетите и продавниците, рече градоначалничката.
Претствници на СВР Тетово информирале дека во изолација со одлука на Државен здравствен и санитарен иснпектора во општина Тетово има вкупно 204 лица, додека во државен карантин на Попова Шапка има 62 лица.