Спасовски, Османи и Филипче денеска во Куманово

– Општинскиот кризен штаб на Куманово ќе ја одржи својата 31 седница, денеска со почеток во 12 часот во кружната сала во зградата на поранешен Комитет.  

На седницата ќе присуствуваат претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче.

По зголемувањето на бројот на заболени од коронавирусот во Куманово, тамошниот кризен штаб побара да се воведе четиринаесетдневен карантин со повеќе посебни мерки. Само вчера во Куманово беа регистрирани 25 новозаболени од Ковид-19.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *