Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето вклучување во вестите на Алфа телевизија говореше за ситуацијата во која се наоѓаат граѓаните и фирмите во државата поради корона вирусот.
„Јас мислам дека тоа се должи на тој примитивен инает кој што го води владата односно најголемата партија во владата тоа е СДСМ. Сите оние мерки кои практично опозицијата ВМРО-ДПМНЕ, бизнис заедницата, граѓаните и различни целни групи ги предлагаа изминатиов период, тие на прва ги одбиваа и после неколку недели откако сфатија со што си играат почнуваат полека една по една да ги прифаќаат. Доколку пред месец време она што го предложив јас после оној состанок со техничкиот премиер Оливер Спасовски веднаш да почнавме да се справуваме со сето она кое што во тој момент изгледаше дека неминовно ќе ни се случи тогаш немаше ние денеска да зборуваме за она што вие го говорите дека станува збор за одредени политички препукувања. Затоа мислам дека крајно време е еве ден месец потоа да се да се кренат над ситуацијата, да го напуштат она примитивно однесување и оној примитивен инает за да не ни се случуваат вакви пиши- бриши политики кои ни се случуваат изминативе 10 дена.
Мицкоски додаде дека сите оние политичари кои во моментот ја претставуваат владата да го напуштат римитивниот инает и да се дигнат над ситуацијата затоа што денес треба да се работи за граѓаните и за државата.
„Видовме дека примитивизмот е на највисоко ниво и инаетот кој што го водат, дека аспсолутно не сакаат да се поместат од позициите па предложивме бидејќи го слушнавме апелот од страна на Оливер Спасовски дека владата преку министерот односно претставникот на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада може да предлага политики и уредби. Па затоа одлучивме да предложиме уредба преку министерот Наќе Чулев за да дента кога практично се случуваше таа седница, за да забележиме дека техничкиот премиер воопшто и не ја ни стави на разгледување таа уредба која што ВМРО-ДПМНЕ ја предложи затоа што не била потпишана од ресорниот министер. Иако тоа никаде и воопшто и не беше проблем бидејќи заменик техничкиот министер за финансии никаде не ги потпишува уредбите кој што министерот за финасии ги предлага до самата влада. За да видиме две недели потоа дека голем дел од членовите кои беа содржани во таа уредба која ВМРО-ДПМНЕ ја предложи во влада да бидат опфатени во новата пиши-бриши уредба, појасни Мицкоски.