Армијата на Република Северна Македонија денеска во Прилеп беше и ќе биде ангажирана пред банките и маркетите со цел да се искористи нејзиниот авторитет да се одржи социјалната дистаанца меѓу граѓаните, а се со цел да се заштитат од коронавирусот и неговото ширење во градот.
Ова вечерва на „Топ тема“ го истакна градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски прашан зошто токму сега се ангажира војската и што е толку критично.
-Пандемијата навлезе во втората фаза каде секојдневно бројот на заразените, односно процентот на позитивни на Корона-19 се зголемува и за жал неочекувано брзо. Покрај мојот апел до раководителите на банките и сопствениците на маркетите да обезбедат ред пред нивните објекти, редот се губеше, не беше доволно присутно обезбедвањето, посебно на банките за да се одржи социјална дистанца на граѓаните, истакна Јованоски.
Градоначалникот на Прилеп потенцира дека со присуството на војската не е целта да се плаши народот туку да се воспостави социјана дистанца, односно да се искористи авторитетот на Армијата. Тој нагласи дека во Прилеп голем дел од грѓаните не ја сфатиле сериозно состојбата во државава и градот со пандемијата и дека овие активности ги превзема токму поради зголеменото ширење на вирусот.