Димитриевски информираше дека продолжува и дистрибуцијата на прехранбени и хигиенски пакети за ранливи категории граѓани. Екипите на Општинскиот кризен штаб, Црвениот Крст и Армијата доставуваат пакети за социјално најзагрозените семејства во Општина Куманово.
-Телефони за пријавување се 075-323-569, 075-207-126, 077-719-494. Во случај нашите служби да не одговараат поради презафатеност на дежурните телефонски броеви, ве молиме испратете смс порака со име и презиме, адреса и телефонски број за контакт, напиша Димитриевски на социјалните мрежи.
Тој информира дека вчера екипи организирани од кризниот штаб ги обележале местата за чекање пред банки, пошти, со минимум два метра дистанца.
–Ве молам почитувајте ги сугестиите и редот кој го бараат редарите на штабот и припадниците на МВР и АРМ од вас. Се работи за ваша и заедничка заштита, повика кумановскиот градоначалник.