Ерусалим и Охрид – Градовите на вечноста

Ерусалим е најсветиот град во јудаизмот, и претставувал најголемиот духовен центар на Евреите во 10 век п.н.е.. Тој исто така претставува трет најсвет град во исламот, по Мека и Медина, а е свет град и за христијанството. На површина од само 0,9 км², во Стариот Град, на Ридот на храмовите се наоѓаат најважните религиозни градби: Западниот Ѕид или Ѕидот на плачот за јудаизмот, Светиот Гроб за христијанството и Ал Акса со Златната купола за исламот

Според пишаните документи, Стариот Град од Ерусалим е поделен на четири населби: еврејска, исламска, христијанска и ерменска населба, кои биле поделени во текот 19 век. Стариот Град бил номиниран и вклучен во списокот на светско наследство за несигурни градови во 1982 година од Јордан. Во текот на својата историја, градот Ерусалим два пати бил целосно разрушен, 23 пати под опсада, 52 пати нападнат и 44 пати освоен. Ерусалим претставува многу значајно место за јудаизмот, исламот и христијанството. Во градот се наоѓаат 1204 синагоги, 158 цркви и 73 џамии.

Ерусалим е најсветиот град во јудаизмот. За Евреите, Ерусалим е градот престолнина на царот Давид за своето царство во 10 век п.н.е. Ерусалим е градот каде некогаш бил изграден Храмот на Соломон и Вториот ерусалимски храм. Во градот на Сионската Гора се наоѓа Гробот на Давид. Денеска се смета дека Западниот Ѕид е единствено нешто што останало од некогашниот ерусалимски храм, и затоа денес ова место е најсветото во јудаизмот, на ридот на храмовите. Речиси сите синагоги во светот се изградени според оние во Ерусалим, и Кадош Хакадашим. Според Евреите, ова е еден единствен храм кој постои, бидејќи самата синагога тие не ја признаваат како храм. Исто така, според нив овде е точното место каде Бог директно ги прима аманетите на човекот.

Ерусалим е третото најсвето место за исламот, веднаш по Мека и Медина. Муслиманите веруваат дека пророкот Мухамед од Мека дошол во Ерусалим на ридот на храмовите, од каде со својот коњ воскреснал кон небото. Најсвето место во Ерусалим за исламот е џамијата Ал Акса.. Освен Ал Акса, големо значење има и Златната купола, во која се наоѓа местото од каде пророкот Мухамед воскреснал кон небото. Денес, бројот на муслимани во градот се претпоставува дека е околу 100.000, но некогаш тој број изнесувал многу повеќе. Но по прогласувањето на независноста на Израел, и по арапско-израелскиот конфликт, нивниот број значително се намалил.

Ерусалим има голема улога во христијанството не само поради Стариот Завет, туку и поради животот на Исус Христос. Во Библијата градот е споменат 632 пати. Според Новиот Завет, Исус бил донесен во Ерусалим веднаш по роѓањето, а подоцна дошол во храмот каде проповедал. Сионската горница се верува дека е местото каде била одржана Тајната вечера. Таа се наоѓа на Сионската Планина, на само неколку метри одалеченост од Гробот на Давид. Гетсиманската градина е местото каде Исус Христос ја поминал својата последна вечер. Тоа е и местото каде Јуда Искариотски дошол со римските војници и со бакнеж на левиот образ го предал Исус на Кајфа. Таа се наоѓа под Маслиновата Гора.

capture 20200405 135449

Друго значајно место во христијанството е Голгота или Калварија, местото каде е распнат Исус Христос. Според Евангелието на Јован, овој рид се наоѓал надвор од ѕидините на Ерусалим, но археолошките испитувања покажале дека се наоѓа многу блиску до ѕидините на стариот град. Во Ерусалим се наоѓа и Светиот Гроб, местото за кое се верува дека е гробот на Исус Христос. Градинарскиот гроб, пак, се смета за местото каде што бил погребан Исус Христос и каде што воскреснал.

Често се вели дека историјата на човештвото е оградена со ѕидови. Меѓу нив, три заземаат посебно место: Кинескиот ѕид, граница меѓу цивилизацијата и вар¬варството; Берлинскиот ѕид, сведоштво за една умисла да се пресече живото европско ткиво на два де¬ла; и Ѕидот на плачот, симбол на секојдневната сред¬ба на Евреите од целиот свет со својата судбина.

Во Ерусалим, западниот ѕид, наречен од британската ман¬да¬торска управа како „Ѕид на плачот“, поради секој¬дневните, честопати со солзи накапени моли¬тви на Евреите свртени со лицата кон ѕидот, се смета за последен остаток за најголемото свети¬лиш¬те во јудеизмот. Тоа е храмот кој на едно возвишение во Еру¬салим го изградил Соломон, синот на кралот Давид, пред 3.000 години.

При посетата на Ерусалим се уверивме дека тој е исто¬рис¬ка крстосница на многубројни свети места; со посебна архитектура обли¬кувана исклучително од ерусалимски камен ваден од пусти¬ната со конфи¬гурација на мали ритчиња од чии ви-со¬чинки може да се види Мртвото Море. Инаку, уште од времето на Британците пос-тои за¬кон со кој се регулира изградбата на сите згради, куќи и други објекти, да бидат исклучително со бел делкан камен.

Ерусалим е град на вечните убавини и на светите места. Низ милениуми населението на Ерусалим, но и тие што доаѓале и доаѓаат да му се поклонат, го воспевале и го воспеваат како град на вечноста, како центар на светот, како главен град, како град со голема политичка моќ…

Според тоа тој има повеќе имиња што му се дадени во Светото писмо, во Мојсиевите записи и во литературата. Израелците го нарекуваат Јерушалаим, од каде потек¬нува и денешното негово име – Ерусалим, што значи „град на мирот“. Меѓутоа, за постоењето на Еру¬салим – местото на Христовите маки, смртта и вос¬крес¬нувањето, во текот на последните два миле¬ниума не е врзан поимот мир.

Ниту на едно свето место во светот не потекле толку потоци крв како овде. Ни¬ка¬де толку жестоко не се воделе борби, никаде толку гневно не се мразело и напаѓало како во овој свет град што е сместен на студените и сиви карпи на планината Јуда. Трите светски религии – еврејската, христијанската и муслиманската, од градот напра¬виле центар на раздорот. Истовремено, никаде не се кажале толку многу молитви како во Ерусалим.

Приказната за Ерусалим почнува кога моќ¬ниот крал Давид го купил ридот над градот. Целта му била да изгради свет храм каде што би бил сместен Заветниот ковчег во кој се чувале плочите со Десетте Божји заповеди што Господ, преку Мојсеј, им ги објавил на децата на Израел. На кралот Давид, моќниот творец на првата еврејска држава, сепак, не му било дозволено да го изгради храмот, не¬говите ра¬це биле крвави. Таа света должност ќе стане аманет на неговиот син Соломон.

Уште од Мојсеј, од колено на колено се пренесувал споменот на илјадниците Евреи кои останале затрупани под камењата на египетските пирамиди. Градењето на светиот храм како трајно седиште на Заветниот ковчег, би требало да биде паметник за годините на ропството, но и решеност ни¬когаш повеќе да не се градат кули за туѓите господари или бесконечно да се талка по пустините.

Со храмот, Евреите се пронаоѓаат самите себеси, на својата земја, под сенката на светилиштето кое ќе биде печат на нивниот сојуз со Бога. Градот Еру¬са¬лим станува свет град, а храмот светост над светос¬тите.

Охрид, пак, кој поради големиот број на цркви и манастири, градот е познат како балкански и европски Ерусалим. Охрид е познат и како „град на светлината“, што претставува буквален превод на неговото старо име, Лихнид. Меѓу другото, од 1018 до 1767 година Охрид бил седиште на Охридската Архиепископија. Таа како самостојна црковна организација го управувала верскиот живот на христијаните во Македонија и други балкански земји, а во одреден период под своја управа ги имала православните цркви во Далмација и делови од Италија.

Затоа Охрид се нарекува „Балканскиот Ерусалим“. На територија на општина Охрид постојат повеќе од 100 православни цркви од кои 60 активни, 10 исламски верски објекти – џамии и една католичка црква. Меѓутоа, турскиот патописец Евлија Челебија,пак, го посетил Охрид во ЏИВ век и забележал дека градот има 365 цркви, по една за секој ден од годината.

Според една легенда, која ја запишале Браќата Миладиновци, кога се правела Охридската крепост, царот Јустинијан се качил на ридовите на кои лежи градот и гледајќи ја прекрасната околина извикал „ох рид“, т.е. каков убав рид и оттогаш останало градот да се вика Охрид.

capture 20200405 135538

Според податоците, градот прв пат се споменува 2.400 години пред новата ера. Лихнид се наоѓал на патот Виа Егнација, најстарата и најзначајната римска сообраќајница на Балканот. Бригијците (Фригијците) и Енхелејците го сочинуваат најстарото население кое може според името да се идентификува во пошироката област на Охридското Езеро.

Исто така, Охрид се споменува и во В век од страна на римските историчари како добро утврден град со многубројни кули, кој, како и другите римски градови, се брани од силните напади на скитачките племиња. Во Х век Охрид, како престолнина на цар Самуил, има обновени и доста јаки тврдини – Охридското Кале.

Меѓутоа, Охрид како и Ерусалим, не само што бил најважниот град во регионот, туку бил и најважниот образовен центар и извор на писменоста на сите словенски народи. Во Охрид се наоѓа најстариот универзитет во Европа (ИЏ век), додека во местото Плаошник близу градот се наоѓа реставрираната црква Св. Климент чии наоди укажуваат на фактот дека таму имало универзитет од ЏИИИ век.

Според историските податоци, пак, се знае дека охридските архиепископи, односно патријарси, се институирале со името на Јустинијана Прима од 535 година. Затоа уште повозвишено е значењето на мବке¬донската културно-духовна престолнина. „Јус¬тинијана Прима“ со едикт на Јустинијан Први, роден во селото Таор кај Скопје, била прогласена за прва по ранг црква по Романија која го опфаќала просторот и на пропаднатото Западно Римско Царство. Тој примат траел 10 години, по што „Јустинијана Прима“ била прогласена за еднаква на Рим и Константинопол „за сите времиња“, што никогаш не е отповикано.

Од големо значење за Охрид е тоа што во 1958 година во црквата „Света Софија“ бил одржан Вториот македонско црковно-народен собор на кој била донесена одлука за возобновување на Охридската архиепископија и истата да го носи името Македонска православна црква. На Третиот македонски црковно-народен собор, кој исто така се одржал во црквата „Света Софија“ во 1967 година била донесена одлука за прогласување автокефалност на Македонската православна црква.

Често пати Охрид го викаат балкански Ерусалим. Тоа е резултат на Охридското Кале, црквата Св. Софија и галеријата на охридските икони, црквите Свети Климент, Свети Наум, убавата црква Св Јован Канео, националниот музеј кој ги чува сесловенските икони и ракописи и многу други споменици од културата, антиката, религијата, науката, хидробиологијата и архитектурата. Затоа со право Охрид е наречен бисерот на Македонија.

capture 20180128 230524

Пишува: Славе Николовски – Катин