Од среда 8 април 2020 година полицискиот час наместо во 21 часот како што беше случај досега, ќе почнува во 16 часот и ќе трае до пет часот наутро, на целата територијата на Република Северна Македонија. За време на викендот се забранува движење за сите граѓани од петок од 16 часот до 05 часот во понеделник на целата територија на државата.
Согласно денешното владино дополнување на одлуката за забрана на движење, за лицата над 67-годишна возраст се забранува движењето од понеделник до петок, освен во периодот од 10 до 12 часот, додека за младите до 18 години се забранува движење во текот на сите работни денови, освен во периодот од 13 до 15 часот.
Се забранува движење на граѓаните и на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што дозволено е родител да биде во поголема група со своите деца до 14 години.
За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.
Премиерот Спасовски на денешната прес-конференција информира дека аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи.
Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при што тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.
Според експертите, во наредните две до три недели ќе го достигнеме пикот на бројот на заразени од коронавирусот кој најверојатно ќе биде помеѓу 2000 и 2500 потврдени случаи, но подобро е да се подготуваме за повеќе, а да бидат помалку, нагласи Спасовски.
Истакна дека кај нас бројката на заболени од коронавирус надмина 550 граѓани. Навреме, подвлече, го вклучивме алармот и постепено воведуваме мерки со кои го успоривме ширењерто на вирусот.
– Спремни го дочекавме првиот налет на вирусот и во првата фаза успеавме да го амортизираме ударот врз нашиот здравствен систем. Мерките ги носевме етапно по препорклака на Комисијата за заразни болестои, Главниот кризен штааб и СЗО. Нашиот највисок и постојан припоритет е да ги заштитиме граѓание и колективното здравје и колку што е можно да го минимизираме негативното влијание врз економијата, рече Спасовски, додавајќи дека целта на овие мерки , како и на сите претходно донесени е пред се заштита на јавното здравје и заштита на здравјето на секој поединец..
На прашањето кога се ова ќе заврши, Спасовски потенцира дека ниту светот, ниту ние имаме одговор.
– Фазата во која влегуваме е веројатно фаза во која ги очекуваме најголемите предизвици, ова е нова радикална фаза и за стабилноста на здравствениот систем, заштитата на здравствените работници, за индивидуалното и колективното здравје, за економијата и за одржливоста на социјалниот и општествен контекст, потенцира премиерот.
Годинава Велигденските и Рамзанските празници, како и сите и други празници, рече премиерот Спасовски, мораме и ќе ги поминеме дома и оваа година верниците своите молитви ќе ги упатат од дома.
– Народот и државата можат само заедно да го спречат ширењето на вирусот, потенцира уште еднаш Спасовси.
Секој од нас, подвлече, е одговорен, затоа, порача, сведете ги физичките контакти на минимум, останете дома колку е можно повеќе.