Нови 30 случаи со коронавирус, вкупно 384

Во изминатите 24 часа се регистрирани 30 нови случаи позитивни на коронавирусот во државава, и тоа 12 во Скопје, осум во Куманово, девет во Прилеп и еден во Крива Паланка, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 384 лица, соопшти Министерството за здравство.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во Скопје – 195, Куманово – 62, Дебар – 47, Штип – 15, Прилеп – 21, Тетово -13, Струга – 9, Велес – 6, Битола – 4, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 1, Гевгелија – 2, Струмица – 1, Крива Паланка – 2 и Кочани – 1 случај.

Во изминатото деноноќие направени се 342 теста од кои 177 преку Институтот за јавно здравје, 20 преку Ветеринарен факултет, 21 преку Авицена, 24 преку Биотек, 100 преку Клиниката „Жан Митрев“.
Досега се направени вкупно 4.117 тестирања на Ковид-19, информираат од Министерството за здравство.