Сенатот на Шпанија денеска во 13:00 часот ќе одржи пленарна седница на која ќе го ратификува Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Седницата ќе се одржи со видеолинк, а сенаторите ќе гласаат без физички да бидат присутни во Сенатот, поради состојбата со коронавирусот, со оглед на тоа што Шпанија е во категоријата на високоризични држави.
На седницата физички ќе присуствува претседателот на Сенатот Пилар Лоп и уште неколкумина, а сенаторите ќе гласаат преку видеолинк.
Министерот за надворешни работи Никола Димитров и шпанскиот амбасадор Емилио Лоренцо Сера денеска во Владата заеднички ќе го проследат гласањето. По ратификацијата следува прес-конференција на Димитров и Лоренце Сера.
– И покрај кризата околу корона вирусот и суспендирањето на сите други активности, Сенатот на Шпанија пред малку одлучи на 17 март да одржи пленарна седница со единствена точка на дневен ред: Ратификација на Пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО! ¡Muchas gracias España!, објави минатата недела на својот Фејсбук профил министерот за надворешни работи Никола Димитров.
И претседателот Стево Пендаровски минатата недела информираше дека Сенатот на Шпанија на 17 март ќе одржи пленарна седница на која ќе го ратификува Протоколот.
-И покрај состојбата во Шпанија која е исклучително лоша, бидејќи Шпанија е во високоризичните држави, тие на 17-ти овој месец закажаа седница на Парламентот на која дел ќе биде и преку видеолинк и ќе има само една точка на дневниот ред, а тоа е ратификацијата на Пристапниот протокол за нашата држава за членство во Алијансата. Колку е голема солидарноста на шпанскиот Парламент, мнистерката за родова еднаквост е заразена со вирусот, а во самоизолација е и вицепремиерот на шпанската Влада, рече Пендаровски.
По ова, како што додаде, на 17-ти март очекуваме само уште потпис од шпанскиот крал. – Јас на мојата недамнешна куса средба со во Ерусалим добив директна потврда и гаранција дека тоа ќе биде завршено практично истиот ден кога и ќе стигне тоа за потпис во неговиот кабинет, додаде Пендаровски.
За жал поради коронавирусот, рече минатата недела Пендаровски, ние не можеме да го организираме настанот со кој сакавме на еден симболичен начин да го покажеме нашето физичко практично пристапување кон НАТО-Алијансата.
Протоколот, на 27 февруари доби зелено светло од Долниот дом на шпанскиот Парламент. Шпанија е последната земја од членките на НАТО, која сè уште не го ратификувала Протоколот. Процесот таму се