Јанушев: Ги поднесовме кандидатските листи, ВМРО-ДПМНЕ ќе издвојува победа на 12. април

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вечерва ги поднесе до ДИК кандидатските листи за предвремените парламентарни избори. Генералниот секретар на партијата Игора Јанушев во изјава за медиумите ппотенцира дека тоа се победнички листи со кои ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари една огромна, убедлива, историска победа за обнова на Македонија.

-Со ова практично го завршуваме овој дел од предкампањата. Не очекуваат неколку дена што ќе ги поминеме, пред се, во однос на барање на алтернативни начини како да останеме во непосреден контакт со граѓаните притоа, секако, почитувајќи ги препораките и мерките пред се на Светската здравствена организација со оглед на моменталната ситуација во однос на корона вирусот, рече Јанушев.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека партијата бара алтернативни начини како да остане во непосреден контакт со граѓаните, а притоа на прво место е здравјето и животот на граѓаните.

-Се ќе оди во таа насока како ќе се одвива кампањата. Досегашните мерки и забрани кои што ги имаме во однос на собирите до 24 (март), тоа е всушност и вториот дел, официјалниот дел на кампањата. Ќе гледаме како ќе се одвива целата ситуација во поглед на тоа и ќе одлучиме како понатаму. Во следните неколку дена ќе соопштиме и конкретно што планираме да направиме и секако уште еднаш ќе потенцирам дека целокупните капацитети на партијата, целокупните капацитети на луѓето во партијата ги ставаме на располагање со се што можеме да помогнеме за полесно да се справиме со ова што се случува во државата, повтори Јанушев.