ДС: Дефинитивно почеток на преговорите со ЕУ

Извештајот на Европската Комисија за Македонија, дефинитивно е потврда дека Советот на Европската Унија, на 26. март 2020 година, ќе донесе одлука за започнување на пристапните преговори за влез на Македонија во ЕУ.

Интензивните консултации  на релацијата Париз-Атина-Берлин, потврдуваат дека одлуката за започнување на преговорите со ЕУ е усогласена и истата ќе биде потврдена и објавена на 26. март во Брисел.

Полноправното членство во НАТО и започнувањето на преговорите со ЕУ, претставуваат силен доказ дека и покрај сите проблеми и застои, реформите во Македонија сепак дават резултати кои земјите членки на  НАТО и ЕУ ги вреднуваа.

Овие позитивни одлуки значат стабилност, правна сигурност и владеење на правото, јакнење на демократските институции и почитување на слободите и правата на граѓаните.

Одлуките на НАТО и ЕУ се ветер во грбот на Македонија и вреднување на цврстата определеност на граѓаните да ги имплементираат европските вредности и стандарди.

По долги години неизвесност, носење на тешки и одговорни одлуки, работа и реформи, откажувања и трпение, нашите стратешки партнери, сојузници и пријатели одлучија Македонија да биде дел од европското семејство и воено-безбедносниот сојуз.

Демократскиот сојуз смета дека евроатланските перспективи ќе бидат поттик за продолжување на промените во државата, реформи и благосостојба за сите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *