Во официјална еднодневна посета на Република С. Македонија и Армијата денеска ќе престојува делегација на косовските безбедносни сили (КБС), предводена од командантот генерал-потполковник Рахман Рама.
За време престојот во Генералштабот, косовскиот генерал ќе има средба со својот домаќин генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
Генералот Рама ќе се сретне и со претседателот и врховен командант, Стево Пендаровски, а ќе ја посети и Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ на која студират и питомци од Косово.