Османи во посета на Австрија, евроинтеграцијата во фокусот на средбите

 Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Австрија каде што ќе се сретне со новата австриска министерка за Европа, Каролине Едштадлер.

Османи ќе има средба и со Барбара Каудел – Јенсен, советничка за надворешна политика на премиерот Себастијан Курц, како и со Петер Лаунски-Тифентал, генерален секретар во Министерство за надворешни работи.

Планирана е и посета на Долниот Дом при австрискиот Парламент, каде е предвидена средба со пратеници – претставници на Комисијата за европски прашања, предводени од претседавачот Рајнхолд Лопатка.

Централна тема на средбите ќе бидат европските перспективи на земјава во пресрет на пролетните самити на ЕУ, како и поддршката што Австрија и ја дава на земјава и регионот.

Посетата на вицепремиерот Османи на Австрија е дел од засилената дипломатска и државна активност, во пресрет на пролетните самити на Европската Унија.